Возела Убер и го земала своето момче со друга девојка: Видеата кои ги објави на ТикТок собраа милиони прегледи
„Кога ќе одлучиш да не излезеш во петок, па наместо тоа да возиш Убер, а на задното седиште да седне твоето момче со друга девојка“
Не е ретка појава девојките, во видеа, да раскажуваат што им се случило на љубовно поле. Но, како што умеат да се фалат, така не е непознато ни тоа кога се жалат и раскажуваат какви непријатни ситуации им приредиле нивните момчиња.
Многу пати девојките во видеа раскажуваат за неверства, како и за начините на кои ги уловиле своите момчиња. Меѓутоа, изгледа дека една девојка, која вози Убер со својата приказна се најде на врвот.
Таа низ неколку видеа опиша што и како се случило, а во првото видео објасни како изгледал моментот кога, ни помалку ни повеќе, со својата кола го возела своето момче, кое било во друштво на друга девојка.
„Кога ќе одлучиш да не излезеш во петок, па наместо тоа да возиш Убер, а на задното седиште седнува твоето момче со друга девојка“ - пишува во видеото во кое девојката со симулираше шокот кој се случил кога ги здогледала.
@jword444 THIS ACTUALLY HAPPENED HAHAHA #fyp #uber #hinge #foryou HOW R PPL STILL SEEING THIS VIDEO - why are u here
Ова воедно било и првото видео, кое е објавено истиот ден, а досега има повеќе од 3,4 милиони прегледи.
Коментарите на ова видео само се редат, а многумина коментираат дека тие не би можеле да останат толку смирени, како и дека е добро тоа што се случило. „Ова е вистинска божја интервенија, си се спасила овој пат“ - гласи еден од коментарите.
Во наредните видеа оваа девојка малку подетално ја објасни целата ситуација:
„Го запознав на Hinge, сѐ почна добро“ - започна, а потоа додаде дека брзо сфатила дека тој се гледа со уште некој:
„Возев во петокот кога таа девојка ме повика. Отидов да ја соберам, а таа седна на задното седиште. Ми изгледаше познато, но не можев да се сетам на нејзиното име“ - кажа таа, а бидејќи сите носеле маски, најпрво не го препознала своето момче.
„Погледнав во ретровизокот и очите ни се сретнаа. Знаев дека е тој. И тој знаеше дека тоа сум јас. Не кажа ни збор за време на возењето. Помислив што се случува сега. Ги оставив, а тој ме повика по пет минути.“
„Еј, навистина ми е жал. Те препознав. Требаше нешто да кажам, но бев во шок“ - ги пренесе неговите зборови.
@jword444 Reply to @ryanebrady #part1 #uber #hinge original sound - Jen
Најпрво му поверувала дека нема ништо со таа девојка, иако се сетила дека во друштвото постои девојка со која некогаш нешто имал. Меѓутоа, тврдеше дека тоа поминало.
Во саботата излегла на пијачка со другарките и им раскажала што се случило, а келнерката ја слушнала нејзината приказна. Се испоставило дека ја познава другата девојка, која во тој момент била во истото кафуле.
@jword444 Reply to @kimber..z #part2 #uber #hinge original sound - Jen
Додека размислувала дали би требало да разговара со неа, келнерката ѝ кажала дека врската на нејзиното момче и другата девојка дефинитивно не е само платонска. Потоа поразговарала со другата девојка и се испоставило дека нејзиното момче сепак има нешто со неа, па го повикале да дојде.
„Кога пристигна, признал сѐ, бидејќи не можеше да направи ништо друго“ - раскажа и доадде дека момчето ги платил сите сметки од таа вечер, за што дал 230 долари, а дури и оставил бакшиш од 100 долари.
„Тоа беше убаво од него“ - заклучи таа.
@jword444 Reply to @morgsmaz #greenscreenvideo #uber #hinge #part3 original sound - Jen