Вознемирувачката животна приказна на вистинската „Заспана убавица“: Девојчето спиело 9 години, родителите ѝ ја продавале косата, ја разбуди трагична вест
Елен заспала кога имала 11 години и спиела цели девет години. Нејзините родители живееле од донации, но прифаќале и пари кои ги добивале за секој прамен од нејзината коса
19-ти век е фасцинантна ера затоа што беше на работ на индустриската револуција, модернизацијата на медицината и општествените промени кои ќе влијаат на идните генерации на начин кој длабоко ќе го промени животот. Времињата беа едноставни, но тоа не значи дека немаше комплицирани настани кои луѓето од тоа време едноставно не можеа да ги објаснат.
Еден таков настан беше случајот со Елен Садлер, многу обична девојка која еден ден заспа и не се разбуди - цели 9 години!
„Заспаната девојка од Турвил“
Елен е родена на 15-ти мај 1859-та година во големо семејство со 12 деца. Таа беше десеттото дете, а нејзиното семејство живееше во мало британско село лоцирано помеѓу Оксфорд и Бакингемшир, познато како Турвил. Така станала „заспаната девојка од Турвил“.
Нејзиниот татко, Вилијам Садлер, бил фармер. Умрел во несреќа кога Елен била мала. Нејзината мајка, Ен Сендлер, повторно се омажила за Томас Фревен, работник во фабрика, кој со нејзините деца се однесувал како да се негови, и воопшто, семејството живеело среќно и сосема нормално.
Елен била здраво дете и никогаш не покажувала никакви здравствени проблеми. А потоа на 29-ти март 1871-ва година, кога имала 11 години, отишла да спие со останатите браќа и сестри како и секоја друга вечер. Единствената разлика било што таа не се разбудила следното утро!
Нејзините браќа, сестри, мајка и очув ја треселе, ја туркале, викале, но Елен сè уште спиела. Отпрвин сите мислеле дека починала, но девојката сепак имала пулс и била топла. Локалните лекари ја анализирале нејзината ситуација, но никој претходно не видел вакво нешто. Тие не можеле да кажат што ја предизвикало оваа длабока состојба на хибернација.
Another picture of Mr Tom's Cottage for the fans of same taken in the 1920's, (courtesy Cayla Twemlow), that shows the brick oven still in place. The oven must have been removed sometime between 1920 - 1960. pic.twitter.com/xEkl4jltfe
— Oxfordshire Woodland Group (@OWGGroup) May 4, 2020
Експерти од целата земја дошле да ја погледнат Елен, но никој од нив не видел или слушнал за нешто слично. А девојката уште спиела...
Необјаснив феномен
Откако ќе се дознае, луѓето доаѓале во домот на Елен за да донираат пари за да му помогнат на семејството во лекувањето. Проблемот беше што изгледаше како - да не е потребен третман! Некои од луѓето кои го посетиле семејството дури инсистирале да се обидат да го разбудат малото девојче. Доаѓале со различни видови аларми, часовници и разни скаламери, но ниту еден од нив не работеше.
Тајмс објави статија за случајот на Елен подоцна истата година во која напиша:
„Еден од најневеројатните, необјасниви физиолошки феномени што некогаш се случиле“.
Тоа е она што навистина ја направи Елен популарна, привлекувајќи дури и луѓе од странство да ја видат заспаната девојка. Освен што донираа пари за неа, тие почнаа да плаќаат и значителни суми за мали прамени од косата на Елен. Бидејќи семејството било големо, а приходите мали, родителите прифатиле дел од барањата и набрзо се зборувало дека се збогатиле.
Ова доведе до федерални истраги бидејќи локалната полиција мислеше дека заработуваат од кутрото девојче. Од друга страна, родителите напоменале дека никогаш од никого не барале пари и дека луѓето донирале по своја волја.
Сите се прашуваа како малото девојче сè уште е живо откако со месеци ништо не јадело и не пиело? Така, нејзината мајка користела мал чајник за да ја нахрани со шеќер со каша, млеко и вино. По една година, вилицата на девојчето се заклучила и потоа мајката почнала да ја храни низ мала празнина каде на девојчето му недостасувало еден заб.
За жал, во 1880-та година, мајката на Елен починала од ненадеен срцев удар. Врз основа на она што го констатирале лекарите, постојаниот стрес и психичките проблеми предизвикани од состојбата на нејзината ќерка, кои се чинеше дека никогаш нема да завршат, предизвикале таа да има прекумерна вознемиреност, а потоа и срцев удар.
Големото будење
Само 5 месеци по смртта на нејзината мајка, Елен се разбудила по девет долги години сон. Заспала со 11, а се разбудила со 21! Необјасниво, токму кога заспала, се разбудила на новогодишната ноќ 1880-та. Следниот ден - 1-ви јануари 1881-ва година - весниците полуделе!
Цел свет знаеше - иако сите изгубија надеж, заспаната девојка од Турвил се разбуди!
Опкружена со своите браќа и сестри кои едвај ги препознала, Елен ја слушнала тажната вест дека и двајцата родители ѝ починале. Очекувано, Елен била во шок! Рекла дека ништо не сонувала, или барем - дека не се сеќава. Заспала како девојче, се разбудила како девојка. Ѝ требало време да сфати сè што се случило и да ги обработи информациите.
Mr Tom's cottage is called Sleepy cottage named after Ellen Sadler a young girl who fell asleep between 1873 - 80. Her mother made money by admitting people to the cottage to see this real life sleeping beauty. For full details see :- https://t.co/hjt7HlEzSX pic.twitter.com/ZCSB2uZu5Y
— Oxfordshire Woodland Group (@OWGGroup) May 4, 2020
Ментално, Елен сè уште имала 11 години. Таа немала можност да стекне никакво образование или општо знаење преку животно искуство. Тетка ѝ Грејс била таа што се согласила да се грижи за девојчето и да ја научи за светот во кој требало да живее - и тоа брзо!
Повеќето од парите собрани за време на спиењето биле потрошени, што значи дека Елен морала да заработува за живот и покрај сè што се случило. Таа почнала да прави ѓердани со мониста.
Неколку години подоцна се омажила за фармер од Рединг и родила шест деца.
Како што одминувало времето, интересот за Елен почнал да опаѓа и таа исчезна од јавната сцена. Познато е дека починала во 1901-ва година, но каков бил нејзиниот живот и дали кон крајот имала некакви здравствени проблеми - не се знае.
Од што всушност боледувала Елен?
Откако Елен се разбудила во 1880-та година, доктор Гелнеу почнал да ги разгледува медицинските состојби поради кои Елен ќе заспие длабоко, пренесува „Историски Забавник“. Некролепсијата или „болест на спиење“ првпат била дефинирана во 1880-та година.
Ова е ретка состојба
Мозокот предизвикува една личност ненадејно да заспие долго време. Нарколепсијата е предизвикана од недостаток на орексин, кој е хемиски хипокретин во мозокот кој ни помага да се разбудиме и да останеме будни во текот на денот.
Иако нарколепсијата не предизвикува долгорочни здравствени проблеми, може да предизвика долготрајни ментални проблеми кај оние кои губат голем дел од животот спиејќи, како во случајот со Елен Сендлер. Лекарите ја разгледале и можноста дека прераната смрт на Елен била предизвикана од депресија поради загубата на толку години младост.
До денес не е познато што точно ги буди пациентите кои боледуваат од нарколепсија, а нема ни лек за тоа. Повеќето информации во оваа статија се преземени од книгата „Заспаната девојка од Турвил“ напишана од Роналд Кон Џеси Расел, пишува порталот „History of yesterday“.
Извор: zena.blic.rs