ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Калифорнија ја погоди најсилниот земјотрес во последните две децении
Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја стресе јужна Калифорнија, оштетувајќи ги зградите 11 пати повеќе од потресот што го погоди областа еден ден претходно.
Последниот земјотрес ја погоди областа околу 20 часот по локално време во близина на градот Риџкрест, на работ на Националниот парк Долината на смртта, на околу 200 километри северо-источно од Лос Анџелес, според американската агенција за сеизмологија, а 7,1 степен е измерен и со европско - медитеранската сеизмолошка агенција.
Луси Џонс, сеизмолог од Калифорнискиот институт за технологија (CalTech), рече дека земјотресот во петокот бил најсилниот во регионот од 1999 година, кога земјотресот бил со јачина од 7,1 степени.
We’re having dinner at the highest building in the Coachella valley... #EarthquakeLA #Aftershock pic.twitter.com/VDvTQ9XmcK
— Jeffrey McGregor (@jeffreymcgregor) July 6, 2019
Противпожарната станица во Сан Бернардино во петокот објави дека нема жртви, но дека зградите се оштетени во земјотресот.
Силни потреси се почувствуваа во Јужна Калифорнија и по земјотресот со јачина од 6,4 степени во четвртокот наутро.
Неколку лица беа полесно повредени во земјотресот, а две куќи беа погодени од пожарот предизвикан од оштетување на инсталациите за гас, соопштија официјалните лица.
Major damage is expected here in Ridgecrest, California after the earthquake. Huge fire at a mobile home park captured by WCK’s @cheftkilcoyne — Our team is safe and we will be working to support evacuees. pic.twitter.com/djSogOLyxA
— World Central Kitchen (@WCKitchen) July 6, 2019