Време е за чистење на среброто: Неколку ТРИКОВИ со кои ќе го вратите сјајот на накитот!
Многумина од вас се прашуваат како да го исчистат
среброто кога станува црно, а тоа е вечно мачење. Подолу можете да прочитате
неколку совети и најлесните начини да го вратите оригиналниот сјај на вашиот
накит.
Чистење на
сребро со оцет
Наједноставниот начин за чистење на среброто е со
помош на оцет. Потребен ви е сад во кој ќе ставите 2-3 децилитри оцет (ако
станува збор за поголема количина накит од сребро), секако, прилагодете ја
количината на оцет на вашиот накит. Важно е целиот накит да биде потопен во
оцет. После тоа, ставете го накитот во сад и оставете го да стои околу 20 минути. Потоа
пренесете го накитот во млака вода, но накратко. Кога ќе го извадите среброто
од водата, црните дамки треба да бидат целосно исчезнати. Потоа исплакнете со
проточна ладна вода и избришете го накитот со памучна крпа. Важно е да се прави
ова почесто, бидејќи среброто е такво што по некое време секогаш ќе стане црно.