Време е за уживање: Започна летото за Лина Пејовска и Антониа Гиговска
Познатите пејачки и другарки, Лина Пејовска и Антониа Гиговска ги спакуваа куферите и заминаа на патување. Иако и кај нас сончевите денови пристигнаа, тие се одлучија за потоплите краишта, па се упатија во Анталија, едно од најпопуларните туристички места во Турција.
Дека знаат да уживаат покажаа уште првиот ден, со тоа што споделија неколку фотографии на социјалната мрежа Инстаграм. По нивните објави може да заклучиме и дека се решини да фатат и малку боја, а за тоа говори и изборот на облека - шорцеви, маички во светли бои и тренди патики, кои дефинитивно ќе бидат една од најносената комбинација за оваа сезона.
Лина позираше покрај море, а Антониа тоа го направи во паркот на хотелот во кој се сместени.