Врескала од болка: 15-годишна девојка била на депилација на нозете, а дома се вратила без кожа на препоните
Девојка од Њујорк сподели крајно непријатна ситуација. Кога имала 15 години, отишла на депилација на нозете. Во текот на постапката, врел восок паднал на нејзините препони. Шокираната девојка плачела и врескала од болка, но козметичарката ја искарал велејќи ѝ да не „прави драма од тоа“.
Бадесим Кубал се потстети на времето кога имала 15 години. Требало да оди на концерт, а за настанот претстоела посета на козметички салон. Целта на посетата била депилација на нозете со восок. Тинејџерката на самиот почеток знаела дека процедурата ќе биде болна, но одлучила дека мора да го направи тоа.
Кога козметичарката ѝ нанесувала восок на внатрешната страна на нејзините препони, капакот на апликаторот паднал и неговата содржина се истурила на површината на кожата меѓу нејзините нозе, а за среќа биле избегнати интимните делови. Младата девојка тогаш завивала од болка.
Козметичарката која ја депилирала ѝ велела дека претерува и дека сè е во ред. Во тој момент, Бадесим се чувствувала посрамено што направила драма. Се натерала себе да седи мирно до крајот на депилацијата жената ѝ ги прекрила изгорениците со хидратантна крема и хартиени крпи и ѝ посочила дека го завршила нејзиниот дел.
Тинејџерката платила за услугата и се вратила на училиште за да види дали медицинската сестра може да ѝ помогне. Жената направила што можела и Кубак успеала да оди на концертот, но вечерта ја поминала во агонија, од ужасните болки кои ги имала.
@badesim #greenscreen soooo yeah that is my story… #MakeItCinematic #IKnowWhatYouDid #TreatiestCupContest #waxing #makeitstop
original sound - Celeste Alaniz
Следното утро болките и понатаму биле неподносливи, па родителите ја однеле тинејџерката кај вујко ѝ, кој е пластичен хирург, да фрли поглед на нејзината нога. Додека хирургот го отстранувал завојот, се шокирал - кожата ѝ била откината од горниот дел на препоните.
Вујкото потресен од состојбата на внуката во текот на следните три недели ѝ ги чистел изгорениците. Исто така бил шокирал што не се онесвестила кога се случила несреќата.
Многумина под видеото ја прашуваа девојката дали ја тужела козметичарката. ТикТокерката одговорила дека тогаш не го направила тоа, но дека сега размислува да ја тужи.