Врската на Хардин и Теса е надвор од контрола: Најавата за продолжението на „After“ е подобра од сите досега

Врската на Хардин и Теса е надвор од контрола: Најавата за продолжението на „After“ е подобра од сите досега

Објавена во: Stars // Филм

Еден од најголемите филмски хитови на денешницата се враќа со уште едно продолжение...

Знаевме дека се снима третото продолжение, но никој не очекуваше дека уште сега ќе излезе трејлерот за него. „After We Fell“ е третото продолжение на филмскиот хит, а доколку те интересира што ќе се случува, сега веќе можеш и да погледнеш.

Освен што никој не очекуваше дека сега ќе излезе трејлерот, никој не очекуваше ни дека истиот ќе биде толку шокантен. Оние кои ги имаат прочитано книгите добро се запознаени со сценариот и знаат што ќе се случува понатаму во филмовите, но сите останати се во апсолутен мрак. За нив трејлерот кој излезе пред неколку дена ќе биде особено интересен. Врската помеѓу Хардин и Теса не беше едноставна уште од самиот почеток, а сега ќе се најде во искушение повеќе од кога било досега. Дали ова ќе биде нивниот крај или ќе успеат да ги средат проблемите?


Трејлерот воодушеви. Хемијата меѓу главните актери ја продава целата приказна без проблем, а многумина исто така тврдат дека ако може да му се верува на трејлерот, се чини дека ова ќе биде најдоброто продолжение од сите. Драмата, љубовта, кавгите и секс сцените играат голема улога, а гледачите се веќе навлечени. Она што е лошо е што за жал сè уште не се знае датумот на излегување на филмот, па дури ни некоја груба проценка.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: