„Wolf cut“ е апсолутен хит: Дива фризура која ќе го обележи ова лето
Новиот хит на социјалните мрежи дефинитивно е фризурата „wolf cut“. Девојките како „полудени“ ја пребаруваат на Пинтерест за да можат да им ја покажат на своите фризери. Тие, ова лето сакаат да бидат смели и убави.
Најновиот тренд во стилизирањето на косата, дефинитивно е „wolf cut“ - разбушавена коса, која е комбинација од одамна заборавената „фудбалерка“ и сурово исечената коса во слоеви без разредување или измазнвуање, пишува her.
Она што е потребно за да се постигне подобар ефект со оваа фризура се производите за коса: од пена, преку лад, па сè до пубра за волумен, бидејќи како што би рекле корисниците на ТикТок: „The chunkier, the better“, оваа фризура мора да биде разбушавена и дива.
Секако, за својата популарност може да им се заблагодари на социјалните мржеи, бидејќи само на Пинтерест е забележан пораст во пребарувањето на оваа фризура за 75%, а хаштагот #wolfcut на ТикТок и Инстаграм забележува илјадници објави.