За да не го почувствува отсуството на татко ѝ: Колегите на починат полицаец ја испратија ќерка му на првиот ден во градинка (ВИДЕО)

За да не го почувствува отсуството на татко ѝ: Колегите на починат полицаец ја испратија ќерка му на првиот ден во градинка (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Ана Столински, чиј татко полицаец починал во 2021 година, била испратена во градинка од страна на колегите од неговиот оддел...

Додека Ана се подготвувала за првиот ден во градинка, колегите на нејзиниот татко со 20 мотоцикли и 5 полициски автомобили од кои свиреле сирените, се упатиле во нејзиниот дом. Имено, нејзиниот татко починал од срцев удат во 2021 година, додека бил на должност, а Ана требало да тргне во градинка, неговите колеги го направиле она што доколку тој бил жив ќе го направел.

Мајката на Ана знаела за ова изненадување и заедно со својата ќерка влегла во едно од полициските возила, кои ја однеле до градинката. 

Полицајците биле наредени пред градинката и сите ѝ подариле на Ана по една искрена прегратка, како сила за новиот почеток.

Емотивното видео, може да го погледнете во продолжение:


фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: