За да си го зачува менталното здравје: Еве што прави Чарли Д'Амелио
Обожавателите на Чарли Д'Амелио со свои очи гледаа како ѕвездата на TikTok станува популарна. Сè започна кога нејзиното видео каде што танцува на TikTok стана вирално во јули 2019 година. До ноември 2020 година, таа стана првиот корисник на TikTok кој достигна 100 милиони следбеници, а членовите на нејзиното семејство - родителите Хајди и Марк и постарата сестра Дикси - исто така добија следбеници, делумно благодарение на нивното реално шоу на Хулу „Шоуто на Д'Амелио“.
Заедно со сите придобивки што ги носи славата, секако дојдоа и критичарите и хејтерите, па мораше да научи да избегнува негативни коментари за себе за да го зачува своето ментално здравје.
„Конкретно за мене, не знам за други, но веќе не ги гледам тие работи“, изјави Чарли за PEOPLE преку Зум. „Очигледно е дека секој ден е различен, а понекогаш и ќе паднеме ментално, но мислам дека тоа е дефинитивно помалку екстремно. Тоа го гледаме и на социјалните мрежи, како тоа влијае на нас во реално време“, продолжува таа, истакнувајќи дека реалното шоу на нејзиното семејство ги бележи нивните подеми и падови.
Чарли, исто така, се отвори за нејзините борби со напади на паника и нарушување во исхраната, додека Дикси нагласи дека страда од анксиозност и депресија и дека тие две редовно одат кај терапевт. „Луѓето ми кажаа колку зборувањето за овие работи им помогнало - и ниту еден сајбер насилник не може да ни го одземе тоа“, заклучува Чарли. Ѕвездата на TikTok признава дека иако нашла решенија за нејзините ментални проблеми, тие секогаш ќе бидат дел од нејзиното патување.
извор:famoza