За малку ќе ја уништев врската: Шон Мендес најискрено за односот со Камила

За малку ќе ја уништев врската: Шон Мендес најискрено за односот со Камила

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Врската на Шон Мендес и Камила Кабелјо некако секогаш ни делува идилично, но музичарот истакнува дека тоа не било секогаш така. Тој вели дека тие двајца имале проблеми во комуникацијата, до таа мера што за малку ќе раскинеле. Сепак, тој врди дека најголем дел од вината ја имал тој.

Како што пренесува E! News, Шон си ја отвори душата во разговорот за Apple Music, велејќи дека себе си пред врската со Камила се сметал за чувствителен и ранлив. Меѓутоа, таа му ги отворила очите и го натерала да сфати дека понекогаш сепак е премногу груб и дека не е во состојба да разбере дека тоа му требало.

„Еднаш помина еден месец во кој воопшто не зборувавме, бидејќи мене ме мачеше анксиозноста и не сакав таа да ме гледа како слаб“ - зборува Шон. „Бев на граница да ја упропастам врската. Меѓутоа, кога сето тоа ќе помине, тогаш велите, „Слушај, јас се мачам. Тешко ми е да ти го кажам тоа.“ Потоа работите се подобрија, нашите темели се зацврстени и тогаш се појави храброста. Тоа е храброст, тоа е сила“.


Шон вели дека сфатил уште нешто - за да имате успешна врска, најважно е првенствено да се грижите за себе! „Не можете да бидете подобар син, брат, момче или пријател, доколку не водите сметка за себе, доколку не внимавате на самиот себе, доколку не проверете во каква состојба сте“ - истканува тој. Шон објасни и дека тоа значи дека Камила и тој поминуваат и многу време одвоено, за секој да има доволно слобода.

„Многу работи се случуваат кога ќе се заљубите првпат, бидејќи ја чувствувате поддршката од другата личност. Чувствувате дека работите ќе бидат одлични, бидејќи таа е тука. Тоа е нешто преубаво. Тоа ми дозволува да си кажам на себе, „ОК, доколку го направам тоа (создавам музика), потоа ќе го направам од вистински причини, а тоа е што многу, многу уживам во тоа.“ Доколку тоа не е случај, со задоволство би ги поминувал деновите со неа, гледајќи филмови“.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: