За неа и него: Идеи за малку поинакви подароци за Денот на вљубените
Доколку веќе подарувате нешто, нека биде нешто што ќе ја развесели твојата сакана личност...
Заборавете на мечињата, чашите со натписи „Те сакам“ и другите ситници што можете да ги најдете на секој агол и во секоја продавница и оваа година изненадете ја девојката или момчето со малку поинаков, но сепак внимателен подарок.
Ова е време од годината кога е убаво да се биде соло затоа што не мора да се замарате што да купите и како да го изненадите момчето или девојката за Денот на вљубените. Наместо да барате подарок кој не е тотално некреативен како плишана играчка со срце или парфем, можете да го гледате омилениот филм дома и да јадете чоколадо, а сето тоа да биде само за вас. Меѓутоа, ако имате некој поради кој срцето ви чука малку побрзо, сигурно сакате да му покажете колку го сакате. За да немате стрес додека барате подароци оваа година, во продолжение ви носиме листа со неколку предлози кои се слатки и кои сигурно ќе ја развеселат вашата сакана личност, било да е тоа девојче или момче.
# Билет за нешто / ваучер за некоја услуга
Секогаш е подобро да подарите некое искуство отколку материјална работа. Билети за двајца за во омилениот музеј, билет за концерт на вашиот омилен уметник / натпревар или ваучер за масажа или маникир. Има толку многу опции, а одберете ја онаа за која знаете дека ја сака лицето за кое купувате нешто и не треба да се плашите дека ќе направите грешка. Додадете чоколадо и имате подарок што ќе покаже дека се грижите, ги слушате нивните желби и ги сакате.
# Кутија полна со омилени благи задоволства
Па, кој не сака благо? Мал е бројот на луѓе кои не се љубители на благо, но повеќето сепак би можеле да бидат воодушевени од вакво нешто. Земете обична или некоја украсна кутија и наполнете ја на врвот со разни благи закуски, колачиња, слатки за кои те сигурни дека ги обожува вашата саканата личност. Вметнете слатка порака или честитка, ставете украсна панделка и вашиот подарок е подготвен.
# Љубовно писмо
Престанаа да се пишуваат љубовни писма, можеби вашите родители или баби и дедовци сепак ги пишувале, но со текот на времето тоа згасна. Затоа, ова е толку убав подарок, бидејќи никој не очекува такво нешто, а она што не го очекуваме, секогаш дополнително пријатно нè изненадува. Земете парче хартија и пенкало и започнете да пишувате. Изгледа тешко, но штом започне, зборовите ќе ви дојдат сами. Потсетете се зошто и кога сте се заљубиле во таа личност, што најмногу ви се допаѓа кај него / неа или вметнете анегдота што ви се случила или тајна што таа личност не ја знае, а се однесува на вас како двојка. Можете да отидете во нивната куќа на Денот на вљубените и да го ставите писмото во поштенското сандаче.
# Приказна / стрип за вас
Оние што се малку покреативни, може да отидат чекор подалеку од љубовно писмо и да направат краток стрип или приказна за сопствената љубов / врска. Можеби звучи малку премногу слатко, но ова е таков празник. Кога ќе ја испуштите целата слаткост од себе, ако не сега? Без разлика дали правите сè на „старомоден“ начин со хартија и боички / моливи или на компјутер, вашето момче или девојка сигурно ќе бидат целосно разгалени од овој вид подарок.
# Вечера
Една класика со која не можете да погрешите е да ја изненадите подобрата половина со храна. Една опција е да влезете во кујна и да подготвите нешто или да нарачате храна од вашиот омилен ресторан. Ако времето на Денот на вљубените е убаво, спакувајте ја храната во пластични садови и одете во природа.
# Тегла со 100 парчиња хартија и 100 причини зошто го / ја сакате
Друг DIY подарок за кој што нема да ви треба многу материјал да го направите, но е сладок, е тегла полна со причини зошто сакате некого. Причините треба да бидат и сериозни и смешни за да биде особено забавно на личноста која го чита тоа. Ако имате место во теглата, истурете бонбони или чоколади за сè да изгледа уште подобро, украсете ја теглата, ставете украсна лента или што и да имате и подарокот е подготвен.
Не грижете се ако подарокот што сакате да го дадете е премногу „cringe“, Денот на вљубените е токму таков ден!
фото: shutterstock