За нејзината дијагноза никој не е одговорен: 9-годишната Марина е родена како здраво бебе, а потоа следувал шок за нејзините родители

За нејзината дијагноза никој не е одговорен: 9-годишната Марина е родена како здраво бебе, а потоа следувал шок за нејзините родители

Објавена во: Живот // Живот

Марина е родена во 2013 година како трето дете во семејството Веселиновиќ и била потполно здраво бебе...

Бременоста на мајката на Марина поминала без проблеми. Се породила по природен пат, а оцената на бебето била 9 и ништо не укажувало на пореметувањето, кое ѝ било дијагностицирано во втората година.

„Таа е родена како здраво бебе, рано доби и заби, во петтиот месец. Прооди и прозборе на време, а по првата година, Марина почна да се затвара во себе“ - кажа Марија Веселиновиќ за порталот „Нај жена“.

Марина е едно среќно дете, оди на салса и пливање, но ѝ недостасуваат другари. Посетува основно училиште со личен придружник.

„Таа почна и да танцува, а кога чита таа пее, бидејќи тоа го сака. Музикална е и многу песни знае, така што секој збор ја асоцира на песна и почнува да пее. Не е хиперактива и дефинитивно нема аутизам, но и понатаму не се знае што го предизвика ова пореметување“ - откри Марија.

Докторите во Заводот за психофизиолошки нарушувања и говорна патологија „проф. д-р Бветко Брајовиќ“ на девојчето му ја поставиле дијагнозата DG.F83 (нехармоничен развој, заостанување или отскокнување во развојот на одредени области на детето).

„Таа не е аутистично дете, само има пореметување во вниманието и говорот“ - додаде мајката.

Покрај приватните логопетско-дефектолошки третмани, Марина девет пати престојувала во Липовица во болницата со програма за стимулативна работа со деца со проблеми во развојот. Тука се видел мал напредок, но не доволен за девојчето да се осамостои, а потоа се одлучиле за терапија со матични клетки.

„Првобитниот план беше да одиме на лекување во Киев, но потоа се распрашавме и дознавме дека таму донираат матични клетки од донори. А, тие не се испитани до крај и се плашевме што ќе повлечат тие ќелии“ - изјави мајката.

Додека ги правеле анализите и виделе дека матичните клетки на Марина се целосно здрави, родителите на девојчето решиле да се лекува во Србија, поточно во Нови Сад. Така, во септември 2021 година заминале на првиот циклус терапија.

„Се одлучивме за нејзините матични клетки, поточно за автотрансплантација во Нови Сад. Еден циклус се состои од три трансплантации, кои се прават во рок од 60 дена“ - додаде мајката на малата Марина.

Третманот со матични клетки видно ја подобрил состојбата на девојчето.

„За една година доби многу разбирање, малку е мрзелива во говорот, но се трудиме што почесто да посетуваме дефектолог“ - кажа мајката и додаде дека имаат голем проблем со дефектологот. Тие живеат во Бела Црква, каде што нема дефектолог, а честите патувања во Белград значително им го намалиле буџетот и сега бараат алтернатива.

Докторите на последниот преглед биле презадоволни од Марина и ѝ препорачале уште еден циклус.

Не се знае дали некој стрес го предизвикал нарушувањето, но се знае дека им се потребни средства за уште еден циклус, за рехабилитација и патни трошоци. Собраните пари нејзините родители досега ги користеле за трансплантација, додека сите други анализи, магнети и дефектолози ги плаќале од свој џеб.

фото: Фејсбук

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: