За нив не постои вистински одговор: 8 прашања кои секој тинејџер мрази да ги слуша
На овие прашања не постои ниту еден вистински одговор... зошто тогаш ти ги поставуваат?
# Дали си ја исчисти собата?
ДА, во тој момент трчиш во соба и ја криеш целата растурена облека од подот под кревет, пред да дојде мајка ти и да ти го види хаосот во соба.
# Зошто не го прифати моето барање за пријателство на Фејсбук?
Затоа што ти си родител, а родителите не треба да имаат Фејсбук! Како и поради тоа што си свесен дека една од две недопустливи работи ќе се случат доколку станете пријатели:
1. Постојано ќе ти остава коментари на твоите фотографии, поради кои ќе се засрамиш;
2. Цело време ќе биде упатен во тоа со кој си и каде си, како и тоа каде ти се направени одредени фотографии.
# Како помина на тестот на училиште?
Дури и кога апсолутно ќе ја згрешиш работата, ти ќе кажеш „Добро“. Зошто тогаш се поставува ова прашање, кога веќе знаат дкеа нема да им ја откриеш вистината додека не стигнат резултатите. Што мислат дека ќе им кажеш? Лошо? Секако дека тоа никогаш нема да го изговориш.
# Каде се гледаш себе за __ години?
Само момент да ја земам својата кристална топка, да се исконсултирам со себе за иднината. Чекај, па јас не сум видовит.
Добро, понекогаш ќе се случи да имаш одличен ден, па направиш одличен тест за кој си се подготвувал/а со недели, во иднина се гледаш себе како врвен директор во фирма од своите соништа, со голема плата.
А потоа, случајно ја бои целата бела облека во розова, затоа што си ја измешал со црвена, па себе се гледаш како апсолутно промашување за цел живот. Па така, што велите на тоа да се почека и да се види што ќе се случи?
# Дали тоа е твоето/твојата момче/девојка?
Не разбираш зошто твоите родители не сфаќаат дека доколку не им кажеш за својот статус „in relationship“ на Фејсбук, тоа значи или дека знаеш што тоа значи или постои причина зошто не им зборуваш за тоа. Па, зошто тогаш се појавува ова прашање?
# До колку часот гледаше Нетфликс?
Не прашувајте, бидејќи нема да сакате да го слушнете одговорот.
# Дали му честиташе роденден на (далечниот) роднина?
Хммм... не. Искрено, тој член од семејството го гледаш на секои три години. За што воопшто би можел да зборуваш со него? Не можете ли само да му напишете на Фејсбук „Среќен роденден“.
# Дали си сексуално активен/активна?
Секс? Што е тоа? Никогаш не сум слушнала за нешто такво.