За посреќна Нова Година и Божиќ – тимот на МТЕЛ им подари новогодишни пакетчиња на децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух

За посреќна Нова Година и Божиќ – тимот на МТЕЛ им подари новогодишни пакетчиња на децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух

Објавена во: После „Школо“ // PR

Во духот на Новогодишните и Божиќните празници тимот на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија Групацијата, вчера го посети Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и децата кои го посетуваат Заводот ги изненади со новогодишните подароци.

„Новогодишните и Божиќните празници се време за радости, убави моменти, време за да споделиме среќа и да подариме насмевки. И токму со таа мисија дел од тимот на МТЕЛ го посети Заводот. Задоволни сме што имавме можност да ги израдувавме децата и да им’ посакаме весели и безгрижни празници. Да направиме нешто повеќе сите заедноза повеќе детски насмевки, за радост и убави моменти за сите во Новата 2023 година“, велат од тимот на Мтел.

На децата од Заводот за рехабилитација вработените во Мтел им ги поделија новогодишните пакетчиња посакувајќи им многу исполнети желби, а на вработените во Заводот добро здравје и успешна работа во Новата година.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: