За прв пат откако е сместена во институција: Се огласи „најтажната принцеза во Европа“, им честита роденден на децата
По враќањето во Европа по десетмесечен престој во Африка, принцезата Шарлин ги прегрна децата и продолжи кон институцијата на тајна локација. Еден месец од тогаш, таа објави трогателна објава на Инстаграм.
Со месеци сонуваше повторно да биде со своите деца, но штом принцезата Шарлин пристигна во Монако, беше однесена во неименувана институција во странство на закрепнување, неодамна призна принцот Алберт.
Подобра е, но и треба одмор и мир“, рекол принцот. - Не е во Кнежевството, но наскоро ќе можеме да ја посетиме. Не можам да ви кажам повеќе. Има замор, не само физички замор, кој може да се лекува само со одмор и надзор.
Сега Шарлин, која медиумите ја нарекуваат „најтажната принцеза во Европа“, се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, каде објави фотографија од своите деца - близнаците Габриела и Жак и напиша:
- Среќен роденден, бебиња мои. Ти благодарам, Боже, што ме благослови со такви прекрасни деца. Ве сака мама.
Поранешната олимпијка и сопруга на принцот Алберт, во Јужноафриканската Република престојувала десет месеци поради, како што тврди Палатата, инфекции на грлото, ушите и носот, додека нејзиниот сопруг и децата Габриела и Жак повремено ја посетувале. Таа наводно имала повеќе операции, а нејзините пријатели неодамна го обвинија Алберт од Монако и неговото семејство дека не се грижат за нејзината болест.
- Не е фер што сега ја претставуваат како некој што има психички или емоционални проблеми. Не знаеме зошто Палатата го намалува фактот дека таа за малку ќе умрела во Јужна Африка - изјави за Six неименуван извор близок до Шарлин. - Повеќе од шест месеци не можеше да јаде цврста храна поради сите операции низ кои поминала. Течноста можела да ја земе само на сламка, изгубила речиси половина од вкупната тежина, а Принцот Алберт неодамна изјави дека моментално се грижи за децата и се обидува да го надокнади тоа што не може да поминуваат време со својата мајка.
извор:GLOSSY