За првпат ќе украсувам елка во две бои: Стефонатор го покажа целиот процес на украсување на домот
Празничната еуфорија веќе наголемо е започната, а тоа ни го потврдуваат и познатите личности, кои на своите социјални мрежи веќе почнаа да споделуваат видеа и фотографии од нивните украсени домови.
На овој тренд се приклучи и еден од најуспешните македонски јутјубери, Стефонатор, кој објави навистина интересно видео. Имено, тој во друштво на неговата девојка оваа година ја украсуваше новогодишната елка.
„Оваа година за првпат ќе украсувам елка во две бои“ - истакна јутјуберот, кој имаше и мали проблеми при украсувањето.
Како изгледаше целиот процес, погледнете во видеото во продолжение: