За сè е виновна една фигура: Фановите на Кајли Џенер мислат дека нејзината куќа е опседната!
Обожавателите на Кајли Џенер останаа без зборови откако ѕвездата го објави своето најново селфи на социјалните мрежи.
Наизглед слатката фотографија ја прикажува риалити ѕвездата како позира во црно и гледа во далечината. Сепак, некои обожаватели изразија загриженост за „морничавиот“ лик што го забележале во позадина.
Чудната фигура која се наоѓала на полицата предизвика многу коментари кај нејзините следбеници - се работи за мала статуа чија половина од телото е нормална, додека другата половина изгледа скршена. Еден шокиран обожавател на TikTok забележал и го изрази својот страв: „Добро чекај, но каква е таа ужасна фигура зад неа? Заколни се дека оваа куќа е опседната“.
Иако, не е чудно што фановите забележуваат се и сешто, дури и некои работи кои се безопасни. Пред само неколку дена, Кајли снимаше видео клип во трпезаријата на нејзиниот луксузен дом кога некои обожаватели се посомневаа во позадината на видеото. Имено, фановите дошле до заклучок дека ријалити ѕвездата има тајна соба во својата огромна палата, која многумина ги остави во размислување.
извор:famoza