За сѐ е „виновна“ свекрвата: Констракта откри кој е посебниот ритуал кој претходи пред секое излегување на сцена

За сѐ е „виновна“ свекрвата: Констракта откри кој е посебниот ритуал кој претходи пред секое излегување на сцена

Објавена во: Живот // Живот

Српската претставничка на Евровизија откри еден помалку познат детаљ за тоа што има со себе секој пат кога ќе застане на сцената...

Иако дури овие денови се најде во центарот на вниманието на јавноста во Србија, но и Балканот воопшто, Ана Ѓуриќ Констракта е име кое е добро познато на љубителите на добрата музика. Таа од 2006 година е член на групата „Земља грува“, додека пред тоа беше дел од бендот „Mistakemistake“ и зад себе има голем број успешни концерти низ регионот.

Малку е познато дека со себе на сцената секогаш има мали богатства - посебен накит. Во прашање се три златни прстени кои ритуално ги става и ги носи секој пат кога настапува.

„Стари се стотина години, а ги добив од свекрвата“ - откри Ана, која од 2009 година е во брак со архитектот Милан Ѓуриќ, со кој ги има ќерката Лена и синот Никола.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: