За семеен ручек со детаљ во вредност на автомобил: Викторија Бекам со чанта од 15.500 евра

За семеен ручек со детаљ во вредност на автомобил: Викторија Бекам со чанта од 15.500 евра

Објавена во: Живот // Живот

Популарното семејство Бекам беше фотографирано на ручек во Мајами, а по тој повод Викторија Бекам носеше многу скапа чанта.

Имено, поранешниот професионален фудбалер Дејвид Бекам беше фотографиран со неговата сопруга Викторија и нивните деца Ромео, Круз и Харпер во ресторанот на хотелот „Сетаи“ во Мајами, каде уживаа во прекрасен поглед кон океанот.

Со нив не беше нивниот најстар син Бруклин, кој неодамна се сврши со Никола Пелц, но сите погледи беа насочени кон познатата дизајнерка Викторија.

По тој повод, таа носеше торба „Хермес Биркин“ која чини 15.500 евра, додека беше облечена во бела маица и црни панталони.

Фановите коментираат дека таа изгледа одлично, а има и такви кои ја критикуваа и коментираат дека луѓето имаат и автомобили кои чинат помалку од нејзината торба.

Дејвид со семејството отпатува во Мајами за да работи со неговиот фудбалски тим „Интер Мајами“, а во оваа прилика носеше бела маица и зелена капа на главата.

Цело време ја држеше за рака својата ќерка Харпер и ѝ зборуваше нешто во увото, а девојчето потоа погледна директно во правец на папараците, па веројатно тие разговараа за забележување на фоторепортери кои сакаа да го фатат секој момент од нивниот живот.

фото: Profimedia/MEGA/The Mega Agency

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: