За Сторми: Кајли Џенер потроши 200.000 долари за пони коњчето Frozen

За Сторми: Кајли Џенер потроши 200.000 долари за пони коњчето Frozen

Објавена во: Совети // Семејство

Понекогаш се чини дека најголемиот проблем на Кардашијан-Џенер е како да се покажат што имаат и како да се пофалат за сето тоа на Инстаграм. 
Луѓето веќе долго време ги критикуваа Кајли Џенер и Ким Кардашијан за претерано луксузирање на социјалните медиуми, а ним очигледно битно им е да се рекламираат како милјардери.

Па така последниот луксуз кои си го приушти Кајли, е всушност подарок за ќеркичката Сторми, а се работи за прескап пони коњ.

Имено, Кајли оваа недела купи слатко пони од Холандија, по име Фрозен, за нејзината ќерка Сторми, а според официјалните тврдења, тој веќе пристигнал во Лос Анџелес. Ова задоволство, чинело 200 илјади долари, а ако се земе предвид дека коњот дури доаѓа од Европа во Лос Анџелес, платено е до 10 илјади долари за коњот воопшто да стигне до таму! Сопственикот на пони коњчето вели дека Фрозен е најпознатиот коњ на светот (сега дефинитивно е): „Најпознатиот пони од сите, добив вест дека Фрозен моментално е во Лос Анџелес и дека е во рацете на една симпатично девојче по име Сторми. Кајли даде се од себе да и го подари на својата ќерка најубавиот коњ на светот “, напиша Стал Вилтен.


Кајли не е прва што дава толку многу пари за коњ од Холандија, сопственикот на оваа фарма тврди дека редовно испраќа коњи на ѕвездите во Америка. Пони коњчето ќе помине 14 дена во изолација, а потоа ќе може да се дружи со Сторми.

извор:famoza

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: