За заштита или од каприц: Инфлуенсер ги купи сите седишта во авионот на својот лет

За заштита или од каприц: Инфлуенсер ги купи сите седишта во авионот на својот лет

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Парите не можат да ви помогнат целосно да го избегнете вирусот ковид-19, но може да ви помогнат да бидете повнимателни

Ова тврдење го докажа господин од Џакарта, кој пред неколку дена леташе до Бали и го резервираше целиот авион за себе. Инфлуенсерот и осуден дилер, Ричард Муjади објави серија сториња на Инстаграм во кои изјави дека тој и неговата сопруга Шалвин Чанг се навистина параноични кога станува збор за инфицирање од корона вирусот.


„Морав да се осигурам дека никој друг нема да биде во овој авион. Не сакавме да летаме ако има некој друг освен нас“, рече тој.

Сторињата прикажуваа голем број празни места во авионот со натпис: „Откако резервирав што повеќе места, сè уште беше поевтино отколку да изнајмувам приватен авион. Тоа е трик, драги мои. #lifehacks“.


Неговото екстравагантно патување се најде во центарот на вниманието, па сега многумина зборуваат за него. Неговите изјави и соопштенија на социјалните мрежи ни ги потврди портпаролот на Lion Air Group, Дананг Мандала Приханторо, кој изјави дека овој пар навистина го резервирал целиот лет за нив. 

Ако им се верува на приказните на Мујади, резервацијата за цел лет со 12 места од бизнис класа и 150 економски места го чинеше од 5.383 до 7.985 американски долари. Ако немате доволно пари за приватен авион, а мора да летате некаде - знаете што да правите.


Фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: