Забава и смеа до солзи: Најдобрите моменти кои се случија во „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)

Забава и смеа до солзи: Најдобрите моменти кои се случија во „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Осумнаесет години најгледаното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ секоја сабота ни приредуваше изненадување. Некогаш тоа беше односот меѓу членовите на жирито кои навистина знаат да „запалат оган“, понекогаш станува збор за необичните стајлинзи и на жирито и на натпреварувачите, но посебно внимание секогаш привлекуваат оние кои буквално со нивниот талент ќе не вивнат до облаците.

За настапите кои не оставија без здив сè уште се зборува, а настапите на кандидатите се уште се пребаруваат и премотуваат на YouTube. Сепак, не се работи за најдобрите настапи, туку за моментите кои не доведоа до солзи во натпреварувањето.

Натпреварувачите секогаш се трудеа да го дадат својот максимум на сцената, понекогаш и премногу, а за доброто шоу и жирито умееше често добро да нѐ забавува.

Сѐ уште се раскажува како Саша Поповиќ, сега веќе пензиониран и креативен директор на „Гранд“, ја носел Јелена Карлеуша на раменици, но и како пејачката и поранешен член на жирито ја носел кандидатот на сцената.

Но и тука не завршува. Натпреварувачите знаеја да и се одмаздат на Јелена, некои дури и ја креваа, иако тежеа и до десет килограми помалку од неа. Некои дури и го напуштија натпреварот поради коментарите на членовите на жирито и незадоволството од гласањето.

Секако, тука е и падот на Аце Лукас од столчето, како и заносниот танц и шоу на атрактивната водителка Сања Кужет, што го крена на нозе целото студио.

Членовите на жирито знаеја да направат шоу и луда забава за време на настапите на кандидатите, но и да нѐ насмеат до солзи со своите коментари, а во видеото можете да ги погледнете најдобрите моменти кои се случија во најпопуларното шоу на Балканот.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: