Заборавете на бушавата и неуредна коса: 8 трикови за совршено мазна фризура
Совети за оние моменти кога летните горештини и влага ја уништуваат вашата коса...
Во продолжение прочитајте ги генијалните совети за постигнување на мазни прамени, дури и за време на летните горештини:
# Измијте ја косата со ладна вода
Откако ќе ја измиете косата со шампон и ќе нанесете регенератор, измијте ја косата со ладна вода која може да ја поднесете. Млазот ладна вода оставете го половина минута, а овој трик ќе ви помогне да ја отстраните можната бушавост и ќе ви ја изедначи косата. Екстра совет: користите „anti-frizz“ регенератор во својата рутина, а ладната вода може да ви помогне да го извлечете најдоброто од неговите состојки.
# Направете маска од банана
Бананата е богата со јагленихидрати, витамини, природни масла и калиум. Има антиоксидатски својства кои ќе помогнат во хранењето и хидратирањето на вашата коса. Освен тоа, со редовна примена на овие состојки ќе ја намилите и иритацијата на темето. Екстра совет: во маската од банана ставете и малку јогурт, кој исто така е познат како хидратизирачка состојка. Едноставно измешајте една зрела банана и две лажици јогурт и оставете го овој микс на косата околу 45 минути. Потоа измијте ја со шампон и уживајте во супермазната коса.
# Измијте ја косата со оцет
Јаболковиот оцет веќе долго бвреме се користи во негата на коса за да се изедначи нивото на pH на нашата коса и скалпот и да се исчисти косата од вишокот хемикалии што ги оставаат разните препарати кои секојдневно ги користиме. Миењето на косата со јаболков оцет ќе го затвори фоликулот на косата и ќе ја направи сјајна и мазна.
# Измасирајте го скалпот со врело масло
Оваа масажа освен што ќе ви ја нахрани косата, исто така и ќе ве опушти. Наградете се со овој третман еднаш неделно и ќе видите како вашата коса се менува на подобро. Маслата кои ги користите треба да бидат природни и корисни за косата. Во оваа група спаѓаат кокосовото, бадемовото, маслиновото и рицинусовото масло, а примената е навистина едноставна. За почеток, нанесете од маслото кое ќе го одберете и приредете си длабинска релаксирачка масажа, потоа маслото рамномерно распоредете го по остатокот коса. Косата замотајте ја во топла крпа кој ќе овозможи маслото длабински да продре во влакната. Освете го да делува 20 минути, а за крај измијте ја косата со шампон.
# Внимавајте како ја чешлате косата
Пречестото чешлање и четкање на косата ќе создаде статичен електрицитет, што само ќе придонесе за бушавиот впечаток. Четкајте ја косата само тогаш кога е потребно и никогаш не ја чешлајте додека е влажна, бидејќи тоа ќе ја оштети. Наместо тоа, исчеткајте ја косата пред да ја измиете и откако ќе ја исушите.
# Правилно сушете ја својата коса
Секогаш трудете се да ја сушите косата на природен начин. Меѓутоа, доколку се брзате може да се послужите со фен, но внимајте тоа да го правите правилно. Инвестирајте во квалитетна округла четка или четка за расчешлување и сушете ја својата коса на најладна температура за да не ја оштетите.
# Направете маска од мајонез
Знаеме дека мајонез на коса не звучи баш најидеално, но верувајте ни, овој трик е навистина корисен. Маската ќе ја измазни вашата коса и ќе ја направи сјајна и здрава, а со редовна примена на оваа маска, ќе го стимулизирате растот на косата. Во маската може да додадете и авокадо, кое е исто така преполно со корисни масла кои ќе ја хидратизираат вашата коса. Измешајте неколку лажици мајонез со неколку лажици пире од авокадо, нанесете на косата и оставете да делува еден час. Веруваме дека резултатот ќе ве воодушеви уште по првиот обид.
# Избегнувајте алатки за стилизирање
Иако пеглата и фигарото краткорочно ја спасуваат вашата фризура, со честа примена на овие алатки ја сушите вашата коса и ѝ го отстранувате природниот сјај. Сепак, доколку веќе сте приморани да користите топли алати, ве советуваме да инвестирате во спреј кој ќе ја заштити вашата коса од топлина.