Заборавете на сивата, кафената и црната: Само 3 бои ќе владеат оваа сезона
Секоја нова сезона носи нови нови модни трендови. А бои?! Кога станува збор за боите и овој период од годита најчесто можеме да ги видиме неутралните нијанси како што се бежовите, сивите, белите и црните. Нив во чекор ги следат кафената, виолетовата и бојата на виното. Но, оваа сезона својата присутност ја најавија уште неколку бои, кои се створени за разбивање на есенската монотонија.
# Нежно розевата
Ја нарекуваат нова неутрална боја, бидејќи прекрасно се комбинира со многу различни бои. Ќе ја освежи и најтмурната комбинација и ќе биде одличен избор за свечени настани. Убавата и нежна розева е всушност една беспрекорна која ја сакаат сите, од најмлади до најстари и истата многу лесно се комбинира. Нежно розевата боја го означува чувството на нежност и љубов кон себе и другите.
# Зелена
Од една страна зелена боја ја означува природата, но знаевте ли дека кај облеката асоцира на богатство?
# Жолта
Многу истражувања покажуваат дека жолтата боја го подобрува отчукувањето на срцето и делува релаксирачки. Жолтата се смета за боја на среќата и претставува оптимизам, топлина и надеж.