Зачекорија во светот на модата: Чарли и Дикси Ди Амелио лансираа модна линија
Ове две девојки се навистина неуморни! Не само што владеат на социјалните мрежи, танцуваат, пеат, пишуваат книги... сега решија да лансираат и своја модна линија.
„Секогаш ја сакавме модата и прекрасно е да бидеш вклучен во ваков процес. Имаме впечаток дека линијата „Social Tourist“ навистина не претставува нас двете и она што сме - претставници на генерацијата која балансира помеѓу реалниот и животот на социјалните мрежи“ - вели Дикси.
Првиот дел од колекцијата ќе се појави на 20 мај и тука е само за обожавателите да се запознаат со новиот бренд. Другиот дел од колекцијата ќе се појави во јуни и ќе содржи парчиња кои сестрите ги дизајнирале според своите афинитети: остри и темни модели кои се дело на Дикси и женствени, зад кои стои Чарли.