Зад сцената: На снимање на кампањата за Вива соковите - Saint Tropez и Blue Violet

Зад сцената: На снимање на кампањата за Вива соковите - Saint Tropez и Blue Violet

Објавена во: После „Школо“ // PR

Ова лето уживаме со новите вкусови на Вива Фреш соковите – Saint Tropez и Blue Violet. Sирнавме зад камерите на снимањето за новата кампања за овие вкусови, каде се создаваше магијата која ја замисли креативниот тим. Додека се менуваа сценографијата, светлата, сетовите и се слушаше „Акција!“, сите уживаа во новите вкусови. Меѓу моделите и екипата која работеше зад камерите веќе се бираа фаворити. Едни беа тим Saint Tropez, други тим Blue Violet, додека на трети им се допаднаа двата вкусови подеднакво.

Помеѓу сцените успеавме да прашаме неколку од моделите да ни кажат свое мислење за новите вкусови.

”Најпрво, го пробав Saint Tropez и буквално ме потсети на летен ден. Обожавам егзотични дестинации и вкусови, а овој вкус како да ме носи на плажа. Комбинацијата на портокал и манго едноставно освојува. Дефинитивно ќе продолжам да го пијам. Мислам дека го најдов својот фаворит за ова лето.” – вели Стефан Ристевски еден од моделите на најновата рекламна кампања.

Мија Стерјовска, пак вели дека таа ги обожава летните ноќи и Blue Violet.

“Искрено ме изненади колку добра комбинација се јаболко и рибизла. Blue Violet ме освои, и навистина потсетува на летна ноќ, но јас би го пиела овој вкус 24 часа. Среќна сум што моето лице ќе стои покрај омилениот летен вкус. Ми се допаѓа и името, некако е мистериозно и возбудливо.“

Додека останатите се обидуваа да го најдат својот фаворит, Ивана Караџова, едноставно не можеше да се одлучи.

“Сакам да пробувам нови вкусови и генерално сум отворенa за нови искуства и авантури. Затоа морав да ги пробам и Saint Tropez и Blue Violet и сега не можам да одлучам кој повеќе ми се допаѓа. Ова лето планирам да уживам во сите летни авантури заедно со новите вкусови. Портокал и манго за денски забави и јаболко и рибизла за возбудливи ноќи цело лето!”

Количините на испиени сокчиња најдобро зборуваа за тоа дали на екипата им се допаднаа вкусовите.

“Најдобар показател за тоа дали еден производ ќе стане омилен кај потрошувачите е насмевката на нивните лица кога за прв пат ќе го пробаат вкусот, а Saint Tropez и Blue Violet веќе пробудија многу насмевки. Кога ги создаваме вкусовите мислиме токму на тоа, на среќните потрошувачи на кои преку овие освежувачки голтки ќе им ги разубавиме сите моменти. Затоа, во летната возбуда со вкус на портокал и манго или јаболко и рибизла ќе можеме да уживаме во текот на целото лето.“ - велат од тимот на Вива, кои ова лето ги претставија најновите летни вкусови.

Доколку сеуште не сте ги пробале, ви предлагаме тоа да го сторите што поскоро. Ако веќе имате свој фаворит споделете со нас на социјалните медиуми на Вива на Instagram, Facebook и TikTok.

Пр објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: