Зад себе го остави 6 - годишниот син: Сѐ за починатиот тапанар на Амадеус бенд

Зад себе го остави 6 - годишниот син: Сѐ за починатиот тапанар на Амадеус бенд

Објавена во: Живот // Живот

Почина од коронавирус во 45 - тата година...

Тапанарот од Амедеус бенд, Бојан Златановиќ Токан почина денес, како последица од коронавирусот.

Бојан последните денови бил на респиратор, но за жал ја изгуби битката со невидливиот непријател.

Токан долги години беше член на Амадеус бенд, а важеше за еден голем љубител на адреналинот, природата и брзите мотори.

Тој пред неколку години имаше несреќа, од која се здоби со две скршени раце.

На неговиот Инстаграм профил освен видеата од настапите, објавуваше и фотографии од мотори и велисипеди, чиј љубител беше.

Неговата последна објава на Инстаграм од пред скоро еден месец, поточно на 28 октомври, е фотографија од велосипед на која напиша: „Не се потребни зборови“.

Зад себе тој го остави својот 6 - годишен син.

Како што кажа за српските медиуми еден од членовите на бендот, Аца Сранимировиќ, Бојан немал пороци и немал ниту еден здравствен проблем.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: