Загреј се за Европското првенство во танци 2022 со Џубокс во Ист Гејт Мол!

Загреј се за Европското првенство во танци 2022 со Џубокс во Ист Гејт Мол!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Скопје е домаќин на овогодинешното Европско првенство во танци 2022. Во периодот од 02.07.2022 (сабота) до 05.07.2022 (вторник), Ист Гејт Мол ќе биде главната локација за претставување на најдобрите танцови вештини, како и вмрежување на голем број домашни и странскитанчери. Главните атракции ќе бидат претстојните настапи на хип-хоп изведувачиво различни возрасни категории и групирања во неколку нивоа, а воедно планирани се и танцови натпревари и уникатни работилници за танци.

Како најава на првенството, кое ќе спои голем број на талентирани танчери од 20 европски земји, оваа сабота (21.05.2022) со почеток од 14:00 па сѐ до 16:00 часот, во Ист Гејт Мол во Скопје ќе се одржи несекојдневниот „Џубокс“ настан. Во главниот „центар“ на градот, танчерите ќе танцуваат на омилените песни на случајните минувачи и внесат оригинална свежина и вистинска викенд-забава низ коридорите во Ист Гејт Мол.

Eвропското првенство во танци 2022им овозможува на талентираните млади да настапуваат и да се натпреваруваат во различни дисциплини, да го покажат својот талент, а воедно и да ја промовираат хип-хоп културата, којашто не познава граници и различни јазици, туку зборува најдобро на најдобриот начин разбирлив за сите националности, — преку моќта на танцувањето.

Посетителите и љубителите на хип-хопот ги очекува богата танцова и музичка програма, позитивна енергија и одлична атмосфера.

Скопје како центар на Европското првенство во танци 2022, со богат избор на разновидни културни и забавни содржини, достапни за сите, промовира позитивни општествени вредности, а со моќта на танцувањето како еден од најголемите промотори на културата, несомнено ќе ја зацврсти македонската гостопримливост на европската мапа. 

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: