Загубата на саканата личност не ја спречи да израдува матурант: Милица Павловиќ замина за Бања Лука

Загубата на саканата личност не ја спречи да израдува матурант: Милица Павловиќ замина за Бања Лука

Објавена во: Stars // Музика

И покрај тешкиот период, пејачката се труди да ги исполни сите ветувања...

Младата музичка ѕвезда Милица Павловиќ неодамна ја изгуби својата најголема поддршка во животот, баба ѝ Рада, а сега, и покрај огромната тага, одлучи да усреќи еден матурант.

Извор близок до Милица за „Телеграф“ откри дека пејачката многу тешко ја поднела загубата на баба ѝ, со оглед на тоа што и дедо ѝ Владимир почина пред повеќе од една година, и за кратко време остана без двете најсакани личности во животот.

Меѓутоа, Павловиќ собрала сили, и покрај болката која е постојано присутна, да продолжи со плановите и обврските од порано, а меѓу нив е и ветувањето дека ќе му биде придружба на еден матурант од Бања Лука.

„Милица отпатува за Бања Лука каде ќе му биде придружба на Срѓан Адамовиќ, ученик во Електротехничкото училиште. Таа ќе биде на висина на задачата, како и вообичаено, и ќе се потруди да му ја разубави оваа посебна вечер, како и што му вети“ - кажа изворот на пејачката за „Телеграф“.

За потсетување, четвртиот студиски албум на Милица, „Посесивна“ излезе во април оваа година, а на почетокот на мај таа на својот Инстаграм профил објави видео во кое соопшти кој е среќниот матурант од Бања Лука, кој ќе има можност да биде придружуван од неа.

„Тоа е навистина неверојатно чувство за мене, се занимавам со кошарка, професионален кошаркар сум. Немам зборови“ - порача Срѓан по извлекувањето.

Срѓан додаде дека е под импресии, како и дека сите навивале за него.

„Милице, те сакам. Навистина ми е драго што ќе те запознаам“ - ѝ порача Срѓан тогаш.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: