Жално: Почина бездомникот за кој дуото ДНК понудија да го покријат лекувањето

Жално: Почина бездомникот за кој дуото ДНК понудија да го покријат лекувањето

Објавена во: Совети // Семејство

Почина бездомникот Маријан Петковски за кој вчера се прошири информација дека е во лоша состојба, на улица, со неколку потешкотии и болести и беше фотографиран како лежи на улицата во многу тешка состојба.

Дуото ДНК, Панчо и Андреј, повторно покажувајќи ја хуманоста на дело, сакаа да му помогнат и да ги платат трошоците за неговото лекување, а според нивни информации цел ден лежел на ул „Теодосиј Гологанов“, иако било јавено во полиција, Црвен Крст, Труд и Социјала и никој не сакал да превземе одговорност, како што пишува Панчо.

Нешто подоцна, синоќа, Панчо објави информација дека Петковски починал.

„Не ми се верува во какво ли само труло и лицемерно општество живееме ние. Буквално никој не заслужува вака да си оди од овој свет!!“ - напиша Панчо ДНК.

„Туку што добив информација дека господинот Маријан Петковски предмалку починал. Уште еден голем показател во какво труло и поделено општество живееме и какви поделби на класни разлики сеуште постојат во 2021. Уште пострашно е тоа што човечкиот живот го вреднуваат со НУЛА, и без пари си само обичен смртник.
Срамота за цел здравствен систем.
Лесна му земја на Маријан и фала на сите оние кои се понудивте за финансиска помош. Оние кој веќе ми испративте истите може да ви ги вратам или да ги дадеме на семејство или поединци на кои навистина им е потребна помош“ - напиша Панчо.

Бездомникот бил во многу лоша состојба, хипотермичен, со болви, не контактибилен, со низок пулс и отечени екстремитети.
Многу луѓе се понудиле да донираат средства по објавата на Панчо, но по тажната вест која пристигна, тој рече дека присобраните средства ќе се пренаменат за други луѓе на кои им се потребни.


Претходно тој напиша:

Јас и Andrej како DNK сме спремни да го покриеме лекување на господинот Маријан бидејќи гледам ( подоле во текстот ) дека сите надлежни институции се оградуваат од него. Слободно контактирајте ме за веќе утре да го започнеме процесот.
Не ми се верува во какво ли само труло и лицемерно општество живееме ние. 
Буквално никој не заслужува вака да си оди од овој свет!!
Ова е Маријан Петковски и лежи цел ден покрај аптека Вера карши АМСМ. Јавено е во полиција, Црвен Крст, Труд и Социјала и никој не сака да превземе одговорност. Хипотермичен, со болви, не контактибилен, со низок пулс и отечени екстремитети.
Венко Министерство за здравство СРАМ СТЕ


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: