Занимливости од зад сцената на филмовите „After“: Актерите открија 10 пикантерии
Сигурно те интересира што се случувало зад камерите...
Од моментот кога почнаа да излегуваат филмовите од овој серијал, публиката како да полуде. Ова е очекувано, бидејќи станува збор за вистински тинејџерски филмови, кои се базирани по книгите на обожавателката на Хари Стајлс. Ана Тод била обожавателка на „One Direction“,, која своите приказни ги објавувала на „Wattpad“, а сега е светска книжевна ѕвезда, по чии книги се снимаат филмови. Неодамна пристигна и третото продолжение „After We Fell“ и актерите ни дозволија малку да ѕирнеме зад сцената и да дознаеме што се случувало таму и дали има интересни приказни, што се кријат зад некои сцени.
# „Жешката“ сцена во џакузито воопшто не била таква, туку студена
Во филмот се прикажуваат „жешките“ сцени помеѓу Хардин и Тес, а истите не недостасуваат ниту во третото продолжение. Една од нив е и сцената во џакузито кое изгледа романтично и заводливо, но во реалноста, не била ни близу до тоа. Кога ја снимале, надвор температурите биле во минус, а дури ни водата во џакузито не била екстра топла, туку млака. Навистина било ладно, а колку ситуацијата била сериозна, говори и фактот дека тогаш на сетот морало да присуствува и лекар.
# Актерот кој го глуми Харди не ги прочитал книгите по кои се снима филмот
Џозефина Ленгфорд од друга страна почнала да ја чита првата книга веднаш кога ѝ била понудена улогата, бидејќи сакала точно да знае во што се впушта. Хиро е потполна спортивност, до ден денес не прочитал ниту една книга, а причината е тоа што не сака да му се меша содржината од книгата со сценариото кое треба да го научи. Иако филмот настанал по книгите и филмовите ги следат книгите, сепак не е сè идентично.
# И авторката на книгите се појавува во филмовите
Дури и самата Ана Тод се појави во двете продолжинија во некои сцени, а само најголемите обожаватели успеаја да ја забележат. Освен што се појави пред камерите, била активна и зад камерите. Секој ден била на сет, не сакала ништо да препушти на случајноста.
# Актерите добро се согласуваат и во приватниот живот
Некогаш се случува да дознаеме дека актерите кои во филмовите глумат пријатели, во реалноста не се поднесуваат, но тоа не е случај и овде. Џозефина откри дека сите се во добри односи и дека многу се дружат и кога немаат снимање.
# Обожавателите во еден моемнт открија каде снимаат
Нема шега со овие обожаватели, бидејќи тие ќе ја решат секоја мистерија, па дури и ќе го пронајдат сетот на кој се снима. Во еден момент снимале на факултетот и некако луѓето ги откриле. Веста толку брзо се проширила што на сетот за момент се појавиле огромен број на луѓе. Иако тоа малку му попречувало на снимањето, бидејќи обожавателтие не можеле да го сокријат возбудувањето, на актерите сепак им било драго да ги видат. Како што велат, навистина им значи поддршката која ја добиваат.
# На сетот имале координатор за секс сцените
Постојат сцени во филмовите кои не се толку типични и за кои се потребни координатори кои им помагаат на актерите, а еден вид на такви сцени се и секс сцените. Не е толку лесно да се направи да изгледаат добро и реално и затоа се тука ваквите совети. А, секој кој ги има изгледано филмовите знае дека има голем број на такви сцени.
# Хиро не зимал инспирација за Хардин од Хари Стајлс
Па сепак, актерот Хиро, кој го глуми Хардин, не морал да се инспирира од Хари, бидејќи како што вели, Ана Тод завршила одлична работа во создавањето на целиот лик и немало потреба за дополнително да се инспирира.
# Сетот на кој снимаат е лажен, не е снимано во вистинскиот град
Местото на сценариото е во Лондон, но филмот не е снимен на улиците во Лондон, туку на направениот сет. Но е толку реален и добро направен што актерите ги лажеле своите пријатели дека се во Лондон и тие без никакво сомневање им поверувале.
# Актерите можеле да си ги земат облеката и накитот кои ги носеле на снимањата
Многу актери со текот на времето откриваат дека од снимањето на филмовите краделе некои ситници за спомен, но овде за тоа нема потреба, бидејќи актерите може да си земат од накитот и облеката која ја носеле ликовите кои ги глумеле. Хиро исто така кажа дека земал поприлично многу облека од Хардин, како и прстени, а исто и Џозефина. Меѓутоа, една работа која не можеле да ја земат, а која на шега кажале дека би сакале да ја добија, се автомобилите кои нивните ликови ги возат.
# Во исто време се снимени и „After 3“ и „After 4“
Иако третото продолжение само што почна да се емитува во кината, веќе се сними и последното, четвртото. Во исто време се снимени и двете, што за актерите било малку збунувачки. Но, за обожавателите, тоа е добар знак, бидејќи значи дека веќе се работи на „After Ever Happy“ и дека нема да чекаат предолго до неговото излегување.
фото: Imdb / Screenshot