Започнува нова ера за малите принцови Џорџ и Луис и нивната сестра Шарлот: Наскоро ги очекува голема промена
Принцот Влијам и Кејт Мидлтон наскоро со децата ќе се преселат во Аделаида Котиџ во Виндзор, а малите принцови и принцеза ќе почнат да одат во ново училиште.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон наскоро ќе се преселат со своите три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, во Аделаида Котиџ во Виндзор, каде кралските деца ќе го посетуваат престижното училиште Ламбрук, каде школарината изнесува 21.000 фунти годишно.
Британските медиуми пренесуваат дека војводата и војвотката од Кембриџ бараат живот далеку од официјалната резиденција палатата Кенсингтон во Лондон, бидејќи сакаат своите деца да ги стават на прво место и да им дозволат најнормален можен живот.
Двојката ја планирала преселбата уште од минатата година, а кралските соработници сега открија дека нивните деца од овој септември ќе одат во ново училиште, кое се наоѓа во близина на нивниот нов дом.
„Ова е одлука која двајцата родители ја донесоа за на своите деца да им овозможат најнормален почеток. Жакаа на Џорџ, Шарлот и Луис да им дадат малку повеќе слободно, отколку што имаа додека живееја во Лондон. Тоа е одлуката која ја донесоа децата“ - изјави за „Daily Mail“ извор близок до двојката.
Семејството, кое исто така сега ќе биде поблиску до приватните станови на кралицата во Виндзор, ќе го задржи 20-собниот стан во Кенсингтонската палата како база во главниот град, а тоа воедно ќе бидат и канцеларии за нивниот персонал. Тие имаат намера да го задржат и третиот имот - нивната селска куќа во Анмер Хол на имотот Сандрингам во Норфолк на 96-годишниот монарх.
фото: Принтскрин / Инстаграм