Започнува продажбата на Huawei Watch GT 2 Pro на македонскиот пазар
Започнува продажбата на новиот паметен часовник Huawei Watch GT 2 Pro, кој доаѓа со врвен дизајн, издржливи и ергономски материјали, над 100 режими на тренинг и вежби, уште попрецизно известување за здравствените параметри и интелигентно следење на нивото на стрес и квалитетот на спиење. Паметниот часовник е квалитативно надграден, нов претставник на успешната серија Huawei Watch GT на светскиот и македонскиот пазар и е технолошко олицетворение на желбата на сите луѓе да ги надминат предизвиците - спортски, професионални и лични. Одржувајќи ја иконската репутација на серијата, долгиот век на траење на батерија до 2 недели, новиот модел има и опција за брзо безжично полнење директно од паметен телефон.
Сафир кристал, керамика и легура на титаниум
Вниманието на деталите е аксиома во индустријата за часовници и новиот Watch GT 2 Pro прави огромен чекор напред во однос на неговата фина изработка од материјали од висока класа. Стаклото на дисплејот од 46 мм е изработено од исклучително издржлив сафир кристал, а го држи тело направено од силна, но лесна легура на титаниум. Основата на часовникот, која е во контакт со човечката кожа, сега е изработена од керамика, што овозможува уште поудобно да се носи дури и навечер, со цел ефикасно да се анализираат фазите и квалитетот на спиењето. Втор, црн сафир кристал е вграден во задниот дел за уште попрецизно следење на здравствените параметри.
Во однос на ремчето, можете да изберете помеѓу стилска кожа во боја што се соединува со телото од титаниум, или класичен црн силикон, што се препорачува доколку сте љубител на спортови на вода. Тие имаат стандарден патентен механизам, се менуваат за неколку секунди и се компатибилни со сите модели на Huawei и други производители, со иста стандардна големина.
Скијање, бордање, голф и уште 100 другидисциплини
Богатата разновидност на спортски дисциплини и режими за тренинг на отворено, во затворени простории и на вода, носи нови можности, меѓу кои омилените зимски спортови како што се скијање и бордање, но и голф. Постојат над 100 режими и за секој од нив добивате детална анализа на вашите достигнувања.Дури и само прегледот на сите понудени можности дава идеи за редовна и здрава физичка активност надвор од спортските сали, каде секој може да најде свој стил и да добие интелигентна помош за да се подобри.
Квалитетен сон и мерење ниво на стрес
Најважните карактеристики на паметниот часовник на Huawei вклучуваат постојан мониторинг на нивоата на стрес и квалитетот на спиењето и нудење детална паметна анализа и совети за нивно подобрување. Спиењето се состои од 3 главни фази и за да се разбудиме одморени, важно е нивното вкупно времетраење, времетраењето на секоја поединечно, пропорцијата помеѓу нив, колку често се будиме, итн. Подобрувањето на квалитетот на спиењето е првиот чекор за да имате повеќе позитивна енергија за работа и спорт, а Huawei Watch GT 2 Pro е непроценлив партнер во овој процес.
Подобрена е и функцијата за следење на пулсот и заситеноста на крвта со кислород - важни основни параметри, како за спортски активности, така и за луѓето со ризични состојби, кои можат да добиваат известувања кога ќе се детектираат нетипични вредности.
Безжично полнење и персонализирање на дисплејот
Watch GT 2 Pro прави уште еден чекор кон визијата на Huawei за Seamless AI Life со исклучително удобната функција за безжично полнење директно од паметниот телефон, како и со иновативните опции за персонализација. Покрај изборот од над 200 дизајни, можете да генерирате свои врз основа на вашите омилени фотографии или други слики, кои можете да ги испраќате безжично од вашиот паметен телефон до вашиот часовник со едно движење.
Цени и достапност
Watch GT 2 Pro е достапен во Македонски Телеком, Сетек, Нептун, Техномаркет и Анхоч, по препорачана крајна цена за потрошувачите од 17.999 денари.
Повеќе за производот можете да дознаете на официјалната веб-страница на Huawei.
Комерцијален текст