Запознајте ја Сали: Парализирана мачка која докажува дкеа секое животно заслужува љубов
Посвоената мачка имала многу среќа да наиде на чивек кој за неа се грижи со многу љубов...
Хендикепираните миленичиња бараат внимание, трпение и интензивна работа, но љубовта што ја добивате за возврат е едно од најубавите чувства. Запознајте ја Сали, парализирана мачка која го потврдува ова тврдење.
Неговиот сопственик Јанез Јеретиќ за „Bored Panda“ раскажал детали за неговата миленичка.
„Разговарав со пријател во паркот и ја видов Сали во близина. Мислев дека е мртва затоа што не се мрдаше. Во еден момент ја видов како ги движи предните шепи, ја земав и ја однесов на ветеринар. Беше на рендген и се испостави дека имала ловечки куршум во вратот и дека веројатно никогаш повеќе нема да може да оди“ - откри тој.
Сепак, тоа не ја спречува Сали да ужива во животот. Нејзините авантури можете да ги видите на Инстаграм, а често е облечена во костим на сирена.
„Костимот на сирена не и пречи и ѝ помага да ја задржи топлината во долниот дел од телото, кој е парализиран. Сакам луѓето да ја гледаат Сали исто како што јас ја гледам - како прекрасно суштество кое многу страдало, но сега е среќно“ - додава Јанез.
Спомена и дека мора три пати на ден да ѝ го празни мочниот меур и да внимава да не се заглави во некој агол од куќата. Сепак, најдраго му е кога преде и се мази, бидејќи најголемата награда му е кога ќе види дека е задоволна.