Заработува пари на него: Една мајка има голема желба нејзиниот 4-годишен син да биде инфлуенсер
Некои родители сакаат да споделуваат фотографии од своите деца на социјалните мрежи, а некои дури и заработуваат од тоа, претворајќи ги своите деца во инфлуенсери.
Моделот и инфлуенсер Нина Гонтихиер е една од нив, а нејзиниот син Џером (4) има уште повеќе следбеници на Инстаграм од неговата мајка – 97.000 наспроти нејзините 72.000.
Малиот Џером заработува околу 20.000 долари годишно од соработки со брендови, а неговата мајка става 90 отсто од таа сума на сметка за да може да ги добие тие пари кога ќе порасне.
Нина вели дека прави сè што може за да го заштити своето дете додека неговите следбеници на социјалните мрежи растат.
Меѓутоа, Нина забележала дека некои профили на мрежите ги преземаат неговите фотографии и ги објавуваат како свои, па им пишала, но без многу успех.
„Беше ужасно, особено кога ми пишуваат „тоа е моето дете“, а тој седи тука до мене. Што сакаат да постигнат со тоа? Фрустрирачки е, но не можам ништо да направам“, вели Нина. Но, тоа не е најлошото нешто што се случило.
Фотографиите на нејзиниот син ги пронашла на веб-страницата на агенција за посвојување деца
Имено, Нина на сајтот на агенција за посвојување деца во Америка пронашла фотографии од својот син. Всушност, таа пронашла неколку негови фотографии од различни периоди.
„Срцето ми се скрши. Почнав да плачам, се наежив цела, како можеше се да отиде толку далеку? Се чувствував ужасно, како мајка треба да го заштитам своето дете и се чувствував како во тој момент како се да е надвор од моја контрола“, рекла Нина.
Командантот на австралиската федерална полиција Хелен Шнајдер предупредува дека опасност им се заканува не само на децата кои се популарни на социјалните мрежи, туку е и опасно кога родителите ги објавуваат своите фотографии „бидејќи предаторите дефинитивно ќе ги таргетираат оние корисници кои се лесно достапни за нив“.
Фото:Инстаграм