Заработуваат по 10 просечни плати за еден месец: Кои се најпопуларните јутјубери на Балканот?

Заработуваат по 10 просечни плати за еден месец: Кои се најпопуларните јутјубери на Балканот?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Јутјуберите веќе со години уживаат голема популарност во регионот, како и во целиот свет, а дел од нив заработуваат огромни суми на пари.

Бака Прасе повеќе не е на првото место по популарноста, додека за неговата заработка досега се пишуваше и зборуваше во многу наврати.

Но, младите сега имаат други омилени ликови од јутјуб, чии видеа обожуваат да ги гледаат, но и да ги купуваат нивните производи, како и да ги следат настаните во нивните приватни животи.

Денес, ова се најпопуларните јутјубери од поранешна Југославија и заработуваат повеќе до 10 просечни плати за еден месец:

# Последните денови една од главните теми во шоубизнисот е фактот дека најпопуларниот јутјубер на Балканот е Омер Надаревиќ - Омчо. Тој го симна Бака Прасе од тронот и го зазеде првото место. Омчо во последниот месец има неверојатни 386 милиони прегледи, а за две години, колку што постои има собрано повеќе од 2 милијарди прегледи. Најпопуларниот јутјубер на Балканот за еден месец може да заработи дури милион долари.


# На второто место од неодамна е Бака Прасе, кој се приближи на бројката од 2 милиони следбеници. Богдан Илиќ е идол на децата во сите земји од поранешна Југославија, а на својот канал споделува видеа со различни тематики. Бака Прасе снима и песни кои стануваат хитови. Минатата година ги загуби сите спонзори по скандалот со малолетничката. 


# Третото место му припаѓа на Муџа со 1.82 милиони следбеници. Стефан Вуксановиќ - Муџа не криеше дека своето семејство го извадил од сиромаштија, со помош на Јутјубот и парите кои ги заработува. 


# Четврт најпопуларен јујтјубер од Балканот е Декс Рок, гејмерот кој го следат 1.5 милион луѓе. Дејан Дражиќ својата кариера ја започнал кога имал 11 години, играјќи „Minecraft“. Со текот на времето својот канал го збогатил со содржини како што се хорор приказни и коментирање на познатите личности.


Овие јутјубери заработуваат сериозни пари и месечно добиваат по неколку просечни српски плати, известуваат српските медиуми.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: