Заработуваат повеќе од месечна плата: Бебиња кои со една објава на Инстаграм добиваат мало богатство

Заработуваат повеќе од месечна плата: Бебиња кои со една објава на Инстаграм добиваат мало богатство

Објавена во: Мода // Moj стил

Родителите ширум светот сакаат да се фалат со своите преслатки деца на социјалните мрежи. Меѓутоа, некои родители прават Инстаграм профили само за своите бебиња.

Можете ли да замислите дека бебињата кои не знаат што прават заработуваат повеќе отколку возрасните? Некои деца во еден ден го заработуваат онолку пари, колку што некои луѓе ги заработуваат за еден месец.

Овие бебиња се едни од најплатените на Инстаграм.

# Ноа Таварес

На Инстаграм е познат како @euamonono и уште од мали нозе на социјалната мрежа Инстаграм се чувствува како да е дома. Со повеќе од еден милион следбеници постигна голем успех, што го става на врвот на листата популарни Инста - бебиња.

На една објава во просек има околу 44,7 илјади лајкови, а може да заработи дури и 4.000 евра за една објава.


# Марли Грант

Марли го освои Инстаграм со своите хумористични видеа кои ги прави заедно со нејзиниот вујко.

Нивните објави може да ги најдете на профилот „theyeetbaby“, а во просек имаат и по 151.000 лајкови на една објава.

Објавите им се многу популарни, а има 1.1 милион следбеници. За една објава може да заработи и 4.000 евра.


# Халстон Блејк Фишер

Ова двегодишно девојче има повеќе од 600.000 следбеници, а може да заработи и по 2.500 евра од објава.

Во просек има и по 50.4 илјади лајкови на објавите, што е прилично импресивно.


# Дру Хејзел

Дру Хејзел има најубава насмевка, па нас воопшто не може да нè изненадат нејзините лајкови и следбеници.

На Инстаграм ја следат повеќе од половина милион луѓе, а за една објава може да заработи и по 2.000 евра.


# Флавија Луиз

Ова девојче има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм, што значи дека за една објава би можела да заработи околу 1.000 евра за една објава, пишува The Sun.




Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: