Зарем е толку страшно: Постариот брат на Били Ајлиш се потсетува на еден непријатен момент со Тејлор Свифт

Зарем е толку страшно: Постариот брат на Били Ајлиш се потсетува на еден непријатен момент со Тејлор Свифт

Објавена во: Stars // Музика

Пејачот, текстописец и продуцент, Финеас, се присети на она што го смета за свој „најнеудобен момент“ во текот на сесијата прашања и одговори со обожавателите на својот Инстаграм профил. Постариот брат на пејачката Били Ајлиш откри дека минатиот месец бил повикан на роденденот на Тејлор, меѓутоа, се згрозил кога се сплеткал со неговите зборови пред мегапопуларната ѕвезда.

„Ѝ кажав „фала што дојде“ на Тејлор и тоа на нејзината роденденска забава“ - призна Финеас, па додаде: „Сакав да кажам „фала што ме повика“ или било што слично“.

Може да се каже дека пејачот после ова се засрамил, но изгледа дека ан Тејлор не ѝ пречело тоа, сепак била презафатена со прославата за својот 32-ри роденден, заедно со пријателката Алана Хаим, која само два дена подоцна наполни 30 години.

Инаку, Финеас првпат се стекна со популарност во 2019 година, која го продуцираше деби албумот на Били „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“. Заедно со својата сестра, освои пет Греми награди во 2020 година. Исто така, соработуваше со Камила Кабелјо, Селена Гомез и Џон Леџенд.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: