Застрелан сум, имам корона и се разведувам: Хит мејл на професор

Застрелан сум, имам корона и се разведувам: Хит мејл на професор

Објавена во: Совети // School zone

Повеќе од милион луѓе го видоа мејлот кој еден професор им го испратил на своите студенти. Тоа и не е изненадувачки, бидејќи човекот, за да го одложи испитот, ги изнесе скоро па сите можни изговори на кои се сетил, од пукање до развод. Поради сето ова, преку ноќ стана ѕвезда на Твитер.

Професорот во само неколку дена наводно преживеал престелка, коронавирус и развод на брак, па морал да го одложи испитот.

„За жал, ќе морам да го одложам испитот и да ги откажам предавања во четврток. Иако не е до мене, застрелан сум и завршив во брза помош. Исто така, се испостави дека имам и коронавирус, а покрај тоа сум во хаотична процедура за развод. Консултациите со мојот асистент и понатаму се од 11 до 12 часот во понедленик и среда. Доколку преживеам, испитот ќе се одржи следниот понеделник“ - напишал во мејлот професорот кој се потпишал како Вилсон.


Ова беше доволно за да се „запали“ Твитер и овој неверојатен мејл да ја заобиколи планетата. А, кога професорот сфатил дека неговата порака станала хит на Твитер, решил на луѓето да им го даде продолжението на приказната.

„Изгледа дека мојот мејл стана вирален. Ви се заблагодарувам. За среќа, мојата повреда не е сериозна, како ни симптомите на корона. Испитот сепак ќе се одржи во понеделник. Се надевам дека нема да изневерувате како мојата жена. Со среќа на сите“ - им порача на студендети, овој неверојатен професор.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: