Заврши два факултети за две години: Стефан има 23 години и просек за кој многу студенти сонуваат
Има само 23 години и дипломи од два факултети - електротехнички и физика! Стефан Ѓорѓевиќ од Белград, за четири години студирање положил 83 испити, 45 на Електротехничкиот факултет и 39 на Факултетот за физика. Во индексите има исто толку десетки! Моментално, работи како соработник во наставата на факултетот за физика, одржува вежби. Иако конкурирал за магистратура, технички веќе ја има завршено. Сите испити ги положил порано, му останеле уште половина и да ја одбрани магистерската. Планира и докторски студии во странство и потоа да се врати со Србија.
За успехот на Стефан се дозна брзо, благодарение на неговата девојка Ана Кнежевиќ. Веста која ја сподели на Твитер, брзо се рашири. Ова неверојатно скромно момче, не сака многу да зборува за својот успех, но вели дека за успешно студирање, потребно е да се запишите на студиите кои ги сакате. А, математиката и физиката биле негов избор од основно училиште, а потоа и Математичката гимназија.
„Мојот најдобар другар Михајло Спориќ и јас, кој за жал почина минатата година од рак во Кембриџ, бевме физичари. Меѓутоа, физиката на факултетот за физика, во првите две години ни е позната од гимназија, па сакавме да запишеме уште едне факултет. Изброт падна на Електротехничкиот факултет. Бидејќи предавањата и вежбите не беа задолжителни, успеав да се вклопам. На Факултетот за физика одев на сите предавања во трета и четврта, а на електротехничкиот во прва и втора година. Не можам да кажам дека беше лесно, но ниту дека беше многу тешко.“ - раскажува Стефан за direktno.rs.
Овој млад научник истакнува дека сè било полесно, поради Математичката гимназија. Бидејќи тој бил во ментроскиот оддел, које резервиран за најдобрите помеѓу најдобрите и таму знаењето го стекнал од универзитетски професори. Особено ги истакнува Наташа Чалуковиќ и Алкесандра Димиќ.
Тој секогаш сакал нешто повеќе. Па така, во четврто одделение учел „Квантна механика“, што е предмет за трета година на факултетот за физика. Во математиката се вљубил уште во трето одделение, благодарение на училиштето на Архимед.
Најголеми „маки“ за време на студирањето му задале Основите на електротехниката и програмирањето на Електротехничкиот факултет. По овие предмети добил деветки, кои ги поништил. Тоа го направил, бидејќи погрешил во пресметките, а знаел дека знае за 10. Во јуни ги „исчистил“ годините на двата факултети, освен од Електротехничкиот факултет од кој оставил два испити за во септември.
Иако сега официјално се запишал на магистерски студии на Факултетот за физика, Стефан во текот на студирањето положил неколку испити. Му останал уште магистерскиот труд и половина од испитите, како и оценките кои треба да му се напишат. И тука се сите десетки.