Го гледав со Нобелова награда: Директорот на Математичката гимназија не може да го прежали најдобриот ученик
„Светот изгуби еден вонсериски талент. Можев да го видам со Нобелова награда во рака. Секогаш со насмевка на лицето, беше потполно уверен дека ќе ја победи болеста. Ги положи испитите и беше најдобар студент на Кембриџ, се дружеше, излегуваше, помагаше на помладите студенти, патуваше, како да не му е ништо. Има нешто во тоаа што најдоброто секогаш заминува порано.“
На овој начин директорот на Математичката гимназија во Белград, Срџан Огњановиќ зборува за смртта на својот поранешниот ученик и најдобар ученик на ова училиште, Михајло Спортиќ, починал по 2 - годишната борба со карцином на белите дробови. Универзитот Кембриџ, каде што Михајло беше студент на заршната година на отсекот природни науки и добитник на наградата Тринити на колеџот за природни науки, објави тридневна жалост и предлог некоја награда да се именува во негова чест.
Момчето кој беше најдобар млад српски физичар, во Србија запишал два факултети, Факултетот за физика и Електротехничкиот, додека истовремено студирал во Велика Британија. Само еден месец да замине на колеџ, му е дијагностициран рак на белите дробови. Универзитетот веднаш му ги обезбедил потребните услови, сместување и нега. Неговите родители и помладата сестра имале сместување покрај неговата, за време на студирањето и лекувањето.
„Додека траеше лекувањето и многубројните операции, тој учеше и професорите доаѓаа кај него во соба за да му одржуваат предавања“ - вели Срџан Огњановиќ. „Сите беа воодушевени од него, не само што ги положуваше сите испити, туку дека ги добиваше највисоките оценки.“.
„Ниту еднаш не се откажа. Минатата година му беше многу подобро и сите резултати беа добри. Сите се надевавме дека најлошото помина. Но, лошата болест се врати пред еден месец и состојбата нагло му се влоши. Неговата другарка од натпреварувањата по физика, Александра Димиќ, последен пат го видела пред еден месец во Париз.“ - додава директорот.
„Ги имаше сите квалитети кои една личност може да ги има. Држеше настава на младите ученици, организираше забави и друштвени игри на секое патување на кое бевме.“ - истакнува Александра за „Новости“.
Михајло зад себе остави многу награди и признанија, кои ќе ги потсетуваат неговите најблиски за тоа колку тој бил успешен во својот 22 - годишен живот и дека никогаш не се откажал.