Завршила во психијатриска болница на 14 години, немала скоро никаков контакт со татко ѝ: Тешката животна приказна на Холанѓанката од Евровизија

Завршила во психијатриска болница на 14 години, немала скоро никаков контакт со татко ѝ: Тешката животна приказна на Холанѓанката од Евровизија

Објавена во: Stars // Музика

Иако има само 21 година, претставничката на Холандија на Песна за Евровизија проживеала и победила многу неволји...

Холандската претставничка на овогодинешната Евровизија се претставува под псевдонимот С10 и е позната пејачка, раперка и текстописец.

Својата музичка кариера ја започнува во 2016 година, кога го издаде мини-албумот „Antipsychotica“, по што следуваше „Lithium“, а во 2019 година на светот му го претстави нејзиниот деби албум „Snowsniper“, кој доби многу музички признанија.

Од тогаш го објави и албумот „Vlinder“ и сними низа успешни синглови, а на почетокот на март стана и претставничка на Холандија на овогодинешната Евровизија, на која се претставува со песната „De diepte“.

Иако е многу млада, С10 во животот водела тешки борби, за некои често пее и во своите песни.

Родена е како Стин ден Холандер во Хорн, како едно од две близнаци, а од раѓање немало скоро никаков контакт со биолошкиот татко.

Зад младата пејачка, која има само 21 година, останала и тешката борба со депресијата, психозата, аудио-халуцинациите и самоубиствените мисли, а сето тоа кулминирало со обидот да си го одземе животот кога имала само 14 години. Потоа била примена во психијатриска болница, ѝ било дијагностицирано биполарно пореметување, а следувала голема битка околу закрепнувањето.

Сепак, поради борбите кои ги водела посебно тешко ѝ паднале коментарите на холандскиот водител Јан Рос, кој ја опиша како „девојка која се сече во својата соба за да привлече внимание“

На забелешката на неговиот соговорник Денис Шаутен дека пејачката има самоубиствени мисли, тој одговори:

„Да, добро, тогаш би било добро да скокне од покрив. Исусе, тогаш би можеле да испратиме нормален човек, нели? Извини за тоа. Колку страшна песна.“

Сепак, Стин денес е насмеана девојка, во прилично среќен и спокоен период во животот. Таа има можност да ја претставува својата земја на најголемото музичко натпреварување во Европа, а по првата полуфинална вечер се пласираше во финалето.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: