Завршувам средно и сѐ уште не знам кој реден број сум во дневник: ТикТокерот Динев сподели фотки од табло
Александар Динев оваа година ќе слави матура...
Еден на најпознатите македонски ТикТокери, Александар Динев во мај ќе стави крај една етапа од животот. Имено, оваа година тој е матурант, а бидејќи овие месеци матурантите се фотографираат за табло, Динев ги сподели неговите фотографии.
„Завршувам средно и сѐ уште не знам кој реден број сум во дневник. #6 или #7, најсериозно не знам“ - напиша покрај фотографиите.
Инаку, Динев на ТикТок има скоро 250.000 следбеници, а неговите видеа се едни од најсподелуваните помеѓу младите.