Збирка на најдoбрите едукативни и забавни содржини за најмалите на едно место

Збирка на најдoбрите едукативни и забавни содржини за најмалите на едно место

Објавена во: После „Школо“ // PR

Наместо видео игри, социјални мрежи, турски теленовели - детски развојни содржини. Неформалната едукација недостасува на домашните телевизии, а образовните цртани филмови се одличен начин децата да се забавуваат и од нив да имаат корист.

Броење, форми на објектите и нивната боја, принципи на работа на различни уреди, правила на однесување, учење јазик - сите деца учат со радост а тоа воопшто не е досадно. Децата се во можност да учат за љубов и сочувство, взаемно разбирање и пријателство, култура и учтивост.

Ако барате забавен начин за поддршка на одредена област на учење за вашето дете, проверете ја оваа листа на прикази: 

BabyRiki  е руска анимирана телевизиска серија за најмалите.Содржина која ги опфаќа сите аспекти од животот на детето. Слатки и шарени другарчиња кои живеат во детската соба и низ игра и песна ги учат дечињата на основните работи, помагајќи им полесно и да ги откријат разликите и да го осознаат светот околу нив. 

Numberblocks  е британска анимирана телевизиска серија за деца од предучилишна возраст. Емисијата ги следи Блоковите на броеви, блок знаци кои претставуваат броеви. Тие живеат во Numberland и се впуштаат во авантури поврзани со математички концепти. Зборуваат, пеат и танцуваат а тоа води кон луда забава. А кога бројките ги учат децата да бројат, собираат, одземаат, тогаш тие стануваат најдобриот наставник по математика. Во 2017 година, шоуто беше номинирано за наградата БАФТА во категоријата „Учење“. 

Shaun the Sheep е британска  телевизиска серија, шоу наменето за помладите гледачи.Насловниот лик е Шон овцата. Серијата се фокусира на неговите авантури на северна англиска фарма како водач на своето стадо.Шон е љубопитен авантурист со бујна фантазија, главен забавувач на фармата. Како вистинска црна овца, редовно влегува во невољи, но, го има својот другар Битзер, куче кое секогаш му помага или да се извлече од непријатностите или повеќе да заглави во нив. 

5+ фамилија е домашна ТВ серија за деца на возраст од 4 до 9 години. Приказната е сместена во една стокатница, во голем град, сличен на сите големи градови во светот. Во стокатницата живеат, се разбира, и многу деца – но и едно многу познато куче што зборува – Брзотрчковски Петко. Секоја епизода е приказна сама за себе, во која на забавен и интересен начин децата ќе се запознаат со различни животни ситуации и проблеми и ќе извлечат одредени поуки. 

„Зоки Поки“ е ТВ-серија снимена според истоимената книга за деца на писателката Оливера Николова. Режисерот Александар Поповски и продуцентот Роберт Насков се одлучиле за екранизација токму на „Зоки Поки“ не само затоа што сметаат дека ова култно литературно дело е релевантно за многу различни генерации, туку и поради недостаток на домашна ТВ програма за деца. Со желба за враќање на вредностите кои полека исчезнуваат, авторите сакаат да создадат ТВ проект кој ќе им го задржи вниманието на децата кои растат во денешното „брзо“ време.

Ова се само неколку препораки за вашите деца, кои покрај забава , можат да научат и за вредностите а може да ги најдете на првата македонска стриминг платформа Gley во категоријата Gley детско.

Надсинхронизирани на македонски и албански јазик, достапни на апликација Gley на Smart TV, телефон или таблет, компјутер како и на MaxTV приемниците, повеќечасовни развојни и едукативни содржини за вашето дете кое може да ги гледа кога сака, каде сака и со какво друштво сака.

* ПР - објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: