Збогум на галериите, младите уметници се префрлија на ТикТок: За објава добиваат по 5.000 долари, за сликите многу повеќе
Иако никогаш порано не држел четка во рацете, Метју Чешко одеднаш се најде пред платното, со мера да ги оствари своите соништа, откако по само четири дена, дал отказ од работата каде што работел како инженер.
А, кога дошол моментот за да ги покаже своите слики, Чешко влогувал на ТикТок.
Таму неговите со неонски бои обоени портрети на Боб Рос, Џорџ Вашингтон и Меган Ди Сталион привлекоа повеќе од 2 милиони обожавателите - што е повеќе отколку што на Инстаграм имаат уметниците, како што Џеф Кунис и Кехинде Вајли, пишува „Њујорк Тајмс“.
@mattchessco Reply to @peanutsdude I actually painted the 3 of them earlier this year so here's a compilation
Rhythm Thief but Cursed - Headass
Галериите не покажуваат интерес за својата нова ѕвезда да ја пронајдат на ТикТок, а критичарите велат дека ова се аматрски обиди. Но, креаторите на оваа платформа, како Метју, градат свој бизнис.
„Пред околу една година едно видео на кое има моја слика стана вирално, одеднаш за само три дена го видеа 350.000 луѓе“ - вели 37 - годишниот Чешко.
Наскоро се поврзал со дискографските куќи и со маркетиншките агенции. Тие договори му овозможуваат да заработи дури и 5.000 долари за една објава.
@mattchessco Thank you all so much for 250K!!!!! ##art ##fyp ##billieeilish ##foryou ##foryoupage
Up & Down - Vengaboys
Кога видео во траење од една минута може да привлече толку пари и популарност, треба да биде изненадување што младите уметници ги игнорираат академските и студентските кредити, ги напуштаат своите работни места и стануваат уметници со полно работно време на ТикТок?
Но, незаситниот апетит на оваа апликација за „содржина“ доведува и до промена во естетиката.
Бен Лабузета го инсталираше ТикТок како матурант и започнал да споделува слики од познати личности. Но, дури неговиот труд на кој се трагично починатата кошаркарска ѕвезда Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи, го однесе во орбитата - ова дело го виделе 29 милиони луѓе. Во инбоксот го контактирале 10.000 корисници кои сакале да ја купат сликата.
@artboy200 10 hours for this tiktok haha. ##iceinmyveins ##funny ##paining ##artistoftiktok
Hayloft - Mother Mother
Тој создаде онлајн продавница, која досега му донесе скоро 80 .000 американски долари од продажба на слики и копии. Но, Лабузета сега сака да се оддалечи од фотореалистичките портрети и да експериментира, дури и по цена да биде отследен од некои негови следбеници.
Џина Д-Алојцио, 22 - годишна скулпторка, објави видео на кој се гледа како создава реална силиконска маска за лице. Повеќе од 22 милиони луѓе го видоа тоа: уште повеќе им се допаднаа некои други делови од телото, како што се пепелникот во форма на папок и свеќата во форма на стапало. Но, кога ја истакна цената од 255 долари за маската, нејзината публика се згрози, па мораше да им објасни што е вклучено во цената на производството.
@ginadaloisio Some of you guys wanted to see the whole process! ##mask ##silicone ##mould ##realism ##fyp
Pennies From Heaven - Louis Prima
Таа вели дека ќе го напушти ТикТок доколку платформата и наметне задачи.
Кратки клипови што можат да донесат популарност и пари
Измамата на животот на ТикТок принуди некои уметници да формираат групи за поддршка. Колет Бернард, 21 - годишен скулптор од институтот Прат во Њујорк, се обидува да ги убеди релевантните уметници дека објавувањето на ТикТок може да им помогне во нивната кариера.
„Може да се снимате додека зборувате за вашите уметнички дела, додека излегувате од туш, сите со крпи околу главите. Јас го сторив тоа, и илјадници луѓе го видоа тоа“ - наведува.
@artistcolette it’s almost go time! ##artist ##ceramics ##clay ##artschool ##finearts ##sculpture ##3dprinting ##JustAddBriskZero ##AerieREAL ##GetCrocd
Jörmungandr - Danheim
Откако се појави на платформата минатата година, заработи повеќе од 45.000 американски долари од онлајн продавницата, каде што најмногу изложува не толку скапи предмети како налепници, маици и накит.
Сепак, сфаќа колку може да се смени среќата на ТикТок и колку треба да се остане релевантен во работата.
„Треба да објавуваш нешто секој ден, или луѓето едноставно ќе изгубат интерес. Секако, тоа ги смени и моите постапки“ - посочува.
Исто така имаше лоша среќа во јануари кога две видеа имаа нула оценка поради проблеми со апликацијата. Во истите имаше вложено многу пари.
Што мислите вие за уметноста на ТикТок?