Зборува, се кара, глуми: Оваа мачка е вистинска ѕвезда на Интернет, ја следат 8 милиони луѓе
Мачката Пени и нејзината креативна сопственичка Ејми станаа вистински ѕвезди на ТикТок.
Оваа мачка, која води дијалози со својата сопственичка за социјалните мрежи, ја следат 8 милиони луѓе на ТикТок и половина милион на Инстаграм.
Пени, на која гласот ѝ го позајмува ќерката на Ејми, Грејси, се однесува како и секоја мачка - главна е дома, постојано е гладна и секогаш некој друг обвинува за нередот кој го прави.
Пени има урнебесно објаснување за сѐ и секогаш нејзиниот збор е последен. Иако освен Пени живеат уште една мачка и едно куче во куќата, Пени е главна.
Погледнете како тоа изгледа на видеата кои имаат стотинаилјади лајкови.