Ждрепката одлучи: Мила Москов ќе настапи под реден број 4 на Јуниорската Евровизија
Вчеравечер се одржа свеченото отворање на Јуниорската Евровизија. Сите 19 учесници прошетаа на црвениот тепих и се претставија на европската публика.
Јуниорската Евровизија оваа година ќе се одржува во Полска, на 24 ноември во 16 часот. Овој европски настан ќе може да го проследите на Македонскиот јавен сервис, а сигурно веќе знаете дека Мила Москов е девојката која ќе ги боите на нашата држава.
Песната насловена како „Fire“ е авторско дело на братското дуо Магдалена Цветковска - Ена и Лазар Цветковски, а на видеото се потпиша Даниел Јовески. 14 - годишната Мила и нејзината песна се помеѓу фаворитите и се очекува да се котираат високо.
Таа на свеченото отворање се појави во карирано фустанче. Иако се движеше потешко, поради повредета на ногата, таа не дозволи болката да се познае на нејзиното лице.
Исто така, се влечеше ждрепката за тоа под кој реден број ќе настапи секој од учесниците. Јуниорската Евровизија ќе ја отвори Австралија, а ќе ја затвори нашиот сосед Србија. Нашата Мила ќе настапи под редниот број 4.