Зејн Малик ја моли Џиџи Хадид да му се врати: Дали таа го сака тоа?

Зејн Малик ја моли Џиџи Хадид да му се врати: Дали таа го сака тоа?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Неволја по неволја. Зејн Малик очајно сака Џиџи Хадид да му даде уште една шанса по ужасната драма со нејзината мајка Јоланда. Минатиот октомври, Џиџи и Зејн се разделија откако пејачот се изјасни дека не ги оспорува обвинувањата за вознемирување, кога наводно ја турнал Јоланда во комода за време на жестоката расправија.

Зејн ја нарекол Јоланда „холандски кретен“ и барал од неа да се држи подалеку од неговата ќерка. Но, покрај лошите односи со семејството на Џиџи, младиот пејач уште не се откажува од својата некогашна љубов. 

„Зејн нема да се откаже од мајката на своето дете“ - кажа инсајдер, напоменувајќи дека тој ја моли да го прими назад. 

Што се однесува до Џиџи, младата манекенка би сакала да ја одржи блиската врска со Зејн поради нивната ќерка Каи, но нејзините сакани ја поттикнуваат за што повеќе да се оттргне од своето токсично поранешно момче. Моментално не се води битка за старателство - поранешната двојка се обидува да ги реши работите самостојно. Исто така, Зејн продолжува да докажува дека е „одговорен татко“.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: