Жените го обожаваа, а пороците го уништија: Пејачот Арон Картер е пронајден мртов

Жените го обожаваа, а пороците го уништија: Пејачот Арон Картер е пронајден мртов

Објавена во: Stars // Музика

Картер се прослави како дете ѕвезда

Арон Картер бил пронајден мртов во неговиот дом во Ланкастер, Калифорнија во саботата, пренесе ТМЗ. Имаше 34 години.

Повеќе извори велат дека телото на пејачот било пронајдено во неговата када. Полицијата наводно била испратена во просториите околу 11 часот по локално време, откако добила повик дека маж се удавил.

Според TMZ, детективите ја истражуваат смртта како убиство, но на агенцијата ѝ било кажано дека тоа е стандардна процедура.



Официјалната причина за смртта е непозната и најверојатно нема да биде објавена додека не се комплетира обдукцијата и извештајот на судскиот совет.

Картер се прослави како дете-ѕвезда со хитовите како „I Want Candy“ и „That's How I Beat Shaq“, а беше познат и по тоа што беше помлад брат на Ник Картер од „Backstreet Boys“.

Да потсетиме, во групата „Бекстрит бојс“ најмногу се истакна Ник Картер, русокосото момче кое ги кршеше срцата на обожавателките. Тој беше омилен лик на сите, весел и харизматичен.

Како што растеше неговата популарност, неговиот брат Арон исто така сакаше да се истакне и да почувствува малку слава.

Но, за младиот Арон, славата изгледаше како да го наруши неговиот мирен живот. Картер се прослави како дете ѕвезда во доцните 90-ти, но неговата транзиција во адолесценција падна во зависност и остана без пари.

На почетокот на годината се огласила неговата девојка Мелани Мартин и раскажала како Арон при расправија и скршил три ребра. Таа побарала забрана за приближување, но и во тој период пејачот ги исфрлил од дома својата девојка и синот.

Младиот пар толку многу се расправал, се помирувал, раскинувак и се вртел во круг, а поради гореспоменатите обвинувања од Мелани им било одземено старателството над заедничкиот син. Нивното дете сега го чува нејзината мајка.

Ник ѝ објасни на јавноста и како Арон и признал на нивната сестра Енџел дека боледува од шизофренија и биполарно растројство, како и дека во неговите гласови слушал за „убивање бебиња“. Кога Енџел го прашала дали размислува да убие некој друг, тој едноставно одговорил: „Размислувам да ја убијам Лорен Кит“, која е сопруга на Ник.

Исто така, во еден момент страдал од нарушување во исхраната, па брзо ослабел, а не криел дека е зависник од антидепресиви. Своевремено во една емисија на американската телевизија тој отворено ги набројуваше своите дијагнози, покрај нарушувањата во исхраната и зависноста.

Картер неодамна изјавил за медиумите дека повторно е на рехабилитација, по петти пат, како што наведува, сака да се справи со прекумерната употреба на марихуана и да воспостави контрола врз себе и врз својот гнев. Признал и дека си го уништил мозокот со користење на разни недозволени супстанци и дека имал над 100 напади.

Тој истакна и дека прави се за да го врати старателството над синот.

- Сакам мојот син да се врати. Најважно ми е да бидам татко. Сега сум припитомен и цивилизиран и пораснат и се грижам за своите обврски – објаснува Картер.



- Сфатив дека се убивам и поради тоа уништував се околу себе - рекол Картер.

И покрај неговите борби со злоупотреба на супстанции и правни проблеми, Арон е решен да докаже дека не е жртва туку војник и признава дека му пречи тоа како јавноста го прикажува како проблематична поранешна ѕвезда.

Овој Американец, кој некогаш продаде над 70 милиони албуми, уште еднаш повтори дека неговата желба да се промени на прво место е поттикната од тоа што е најдобар можен татко на својот син.

Ник и Арон Картер имале многу тешко детство поради честите расправии на нивните родители, а товарот на славата им тежел. И двајцата браќа признале дека биле истоштени од малтретирањето на нивните врсници на училиште, а Ник еднаш истакнал дека единственото нешто што го спасило е да биде дел од бој бенд и дека тие му се единствената потпора во животот.

Но, изгледа дека Арон не го нашол својот спас, а не го пронашла и нивната сестра Лесли, која починала на 25 години од предозирање со антидепресиви.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: